Првата здрава цигара во светот
Иако на прв поглед изгледа невозможно, е–цигарата е првата здрава цигара на светот. Елктричната цигара не содржи штетни хемикалии и катран. Единствената...
... состојка што ја содржи е никотин во течна состојба, јавува CNN.
Овој производ е многу сличен со никотинскиот фластер, со таа разлика и предност што оваа е-цигара нуди орална употреба, што пушачите ја имаат стекнато како навика.
Американската ФДА (Food and Drug Administration) не ја смета оваа цигара за сигурна. Тие тврдат дека сеуште недостасуваат докази кои би потврдиле дека овој производ не е штетен. Без разлика на оваа изјава, електричната цигара веќе се продава насекаде низ САД.
Smoking Everywhere, кои први почнаа со дистрибуција на новата цигара, тврдат дека овој произод е докажано сигурен, односно дека биле направени лабораториски тестови во Европа.
Оваа цигара работи на батерии, а се пуши како и секоја друга цигара. Цигарата не содржи канцерогени состојки, но бидејќи е нова сеуште не се познати сите нуспојави.
Кога вовлекувате, батеријата го загрева течниот никотин во пластичниот филтер, а комбинацијата на топлина и течност дава испуштање на дим.
Стручњаците веруваат дека оваа цигара е добра идеа и алтернатива на класичното конзумирање на никотински производи, но се потребни дополнителни испитувања.
Иако никотинот не е тој кој при испуштањето на димот предизвикува рак, сепак и инхалирањето на чист никотин исто така е лош за здравјето.
Тоа е и единствената причина поради која докторите веруваат дека електронската цигара треба да помине низ подетални истражувања.