5 напитоци од кои ќе бидеме попаметни
Храната како гориво има најважна функција во здравото тело и дух, но ни напитоците не треба да се занемарат. Ако некогаш сте се нашле...
...во состојба да не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, или пак да не можете да научите напамет повеќе од една реченица, можеби е време мозокот да го нахраните со некој од петте напитоци кои го подобруваат помнењето.
Вино
Чаша вино после ручекот има позитивно влијание на организмот. Освен што ги шири крвните садови, ја подобрува циркулацијата и го намалува стресот, црното вино делува и на мозочните клетки кои добиваат повеќе кислород. Така се изострува способноста за мислење и се подобрува помнењето.
Кафе
Освен што пиењето кафе поминува во традиција без која не можеме, овој вкусен напиток е одличен антиоксиданс. Но, кофеинот како нејзина главна состојка може да го зголеми и помнењето. Филџан или два кафе, максимално три дневно, го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, дијабет и болести на срцето.
Сок од цвекло
Темно црвениот сок од овој корен е многу хранлив. Чаша сок од цвекло дневно го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем и ја подобрува циркулацијата. Цвеклото може драстично да го намали покачениот крвен притисок како и да го зголеми протокот на крв во мозокот. Подобрата прокрвеност значи и подобро функционирање, односно подобро помнење.
Чај
Сите оние што не сакаат да пијат кафе својата доза на паметен напиток можат да ја побараат во чајот. Докажано е дека теинот, односно кофеинот кој го има во црниот, зелениот или белиот чај делуваат стимулативно на мозокот и на тој начин ја зголемуваат способноста за помнење, ја јакнат концентрацијата, мотивацијата и издржливоста.
Сок од јаболко
Јаболкото отсекогаш е познато како здраво овошје, а докажано е и дека помага за добро помнење. Сокот од јаболко го зголемува произведувањето на основниот неуротрансмитер ацетилхолин во мозокот, што резултира со зголемена меморија. Две-три чаши сок од јаболко дневно го намалува ризикот од слабо помнење.