Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото?

Околу устата

Покрај хормоналните промени и несоодветни продукти за нега, акните околу усните можат да се појават поради често допирање на овој дел од лицето, но и поради користење валкана крпа.

Акните можат да се влошат ако не го чистите телефонот – кога зборувате од него ги пренесувате бактериите на лицето.

Кај луѓе со почувствителна кожа и свирењето дувачки инструмент, како и носењето шлем може да предизвика појава на акни околу устата.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-09.jpg

Нозе

Акните на нозете се поретка појава, но сепак постојат.

Можат да бидат предизвикани од носење облека од материјал што ја задушува кожата, како и седење во испотени панталони, тренерки и слично.

И вежбањето во валкана теретана може да предизвика појава на акни на нозете.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-06.jpg

Вилица и врат

Кај мажите, акните на вилицата и вратот можат да бидат предизвикани од продукти за бричење, но и самото бричење.

И несоодветните продукти за лице кои ги затнуваат порите можат да предизвикаат акни во оваа област.

Музичките инструменти кои го допираат овој дел од лицето, како виолина, исто така можат да бидат причина.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-07.jpg

Рамена

Обично акните на рамената се последица од хормонални промени, а некогаш и од триењето што се создава со облеката.

Ако често носите ранец и имате почувствителна кожа, исто така можат да ви се појават акни.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-8.jpg

Ако направите промени во секојдневието, но акните не ви поминуваат, тогаш е најдобро да се консултирате со дерматолог.

Акните не секогаш се од надворешни фактори, како шминки и продукти, а дерматологот ќе ви помогне да ја воочите вистинската причина и да го најдете соодветниот третман.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg