Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото?

Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се појават или влошат и од други фактори, како несоодветна козметика, носење испотена облека и спиење на валкана перница.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-01.jpg

Постојат безброј причини за појава за акни, а токму затоа нивното третирање е тешко.

Луѓето кои имаат акни неретко со години се обидуваат да допрат до решението кое функционира за нив.

Всушност, и експертите не секогаш ја знаат точната причина за појава на акни.

Но, благодарение на искуството и истражувањата, имаат неколку претпоставки.

Генерално, акните се појавуваат кога се затнуваат порите со мастите што ги лачи кожата, а ова создава поволна околина за развој на бактерии кои го создаваат воспаленија. Акните можат да се појават или влошат и надворешни фактори, особено кај луѓе со почувствителна кожа.

Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото?

Образи

Најчесто акните на образите се поради мастите кои се акумулираат во порите.

Ова го влошува воспалението, па ги прави акните повидливи.

Акумулирањето, пак, може да биде предизвикано од разни причини – непогодни продукти за шминкање, спиење на влакна навлака, често допирање на лицето, зборување на валкан телефон, но и хормонални промени.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-012.jpg

Чело

И овојпат главната причина генерално е акумулирањето на масти во порите.

Сепак, акните можат да се влошат ако имате шишки, особено доколку користите разни продукти за коса или ако косата ви е мрсна.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-03.jpg

Грб

Акните на грбот можат да се појават или да се влошат ако често седите со испотена и валкана маица.

Исто така, ако имате долга коса која го покрива грбот, а не ја миете редовно, можат да ви се појават акни или да ви се влошат постоечките.

И некои лекови, како кортикостероиди, можно е да предизвикаат акни на грбот.

Некогаш и продуктите за кожа, како кремови со фактор, се причина за нивна појава.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-0.jpg

Нос

Обично кожата на носот е помрсна, па многу луѓе имаат повеќе акни во оваа област.

Всушност, на носот е поверојатно да ви се појават мозолчиња отколку акни како, на пример, на образите.

Покрај хормоналните промени, мозолчињата на носот некогаш се поврзани со дигестивни проблеми.

Некогаш причината за појава е стрес, а мозолчињата во внатрешноста можат да бидат причинети од отстранување на влакната или често дување на носот.

chelo-grb-ramena-zoshto-se-pojavuvaat-akni-na-razni-delovi-od-teloto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зошто се појавуваат акни на грбот и како да ги исчистите? Знаете ли дека честото носење ранец на грбот може да предизвика појава на акни к...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg