Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите?

Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќето луѓе оздравуваат по околу една недела и притоа не им треба лекарска помош. Но, постојат луѓе во ризична група, како хронично болните, кои е препорачливо да се консултираат со лекар ако забележат симптоми. Што друго треба да знаете за сезонскиот грип?

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-01.jpg

Сезонскиот грип е болест предизвикана од група вируси познати како инфлуенца.

Болеста може да се појави во секој период од годината, но во таканаречената „сезона на грип“ е најизразена и во повеќето земји предизвикува вид епидемија.

Кај нас, сезоната на грип почнува околу октомври и трае додека времето е постудено, некогаш и до мај.

Генерално, пикот на болеста е помеѓу декември и февруари, но ова може да варира.

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-02.jpg

Зошто грипот е почеста појава во одреден период од годината?

Не е позната точната причина зошто малите епидемии на грип се јавуваат во одреден период од годината, но постојат неколку претпоставки:

- Во студените месеци минуваме повеќе време на затворено, поради што почесто сме во близок контакт со други луѓе. Со ова, вирусот се шири полесно.

- Намалено е ултравиолетовото зрачење, поради што вирусот „живее“ подолго.

- Ниските температури го сушат воздухот, а поради ова слузта во носот која нè штити од инфекции се суши и е помалку ефикасна.

- На ниски температури, вирусите можат да опстанат подолго на површини како брави, маси и слично, па полесно е да се заразиме.

Ова се само дел од претпоставките и причината за малите епидемии е веројатно збир од неколку фактори.

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-03.jpg

Како се пренесува?

Грипот се пренесува лесно преку кашлање и кивање бидејќи тогаш исфрламе капки, односно аеросоли, кои го содржат вирусот.

Поради ова, важно е кога кивате и кашлате секогаш да ги покривате устата и носот бидејќи дури и да немате симптоми, можно е да го имате вирусот.

Грипот може да се пренесе и ако допрете површина на која се наоѓа вирусот. Затоа, важно е редовно да ги миете рацете, особено ако сте биле надвор.

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-04.jpg

Кoи се симптомите на сезонски грип?

Симптомите на грип најчесто почнуваат да се јавуваат околу два дена по заразата со вирусот.

Дел од најчестите се:

  • Треска
  • Кашлица (најчесто сува)
  • Главоболка
  • Болка во мускулите и зглобовите
  • Болно грло
  • Течење на носот

Кај повеќето, најизразена е кашлицата која може да трае две недели, па и повеќе.

Прочитајте и: Фото-водич: Како да ги разликувате симптомите на ковид-19, настинка и грип?

zoshto-se-javuva-sezonskiot-grip-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како се пренесува птичјиот грип и колку е опасен за луѓето? Птичјиот грип е болест која е присутна кај птиците, но може да се пренесе и на л...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg