Кои проблеми со здравјето предизвикуваат отекување на нозете и стапалата?
Проблеми со срцето
Симптомите за проблеми со срцето можат да бидат суптилни и воопшто да не сфатите дека се предизвикани од тоа. Овде спаѓаат и отечените нозе.
Кај некои луѓе со проблеми со срцето има задржување на течноста во организмот.
Ова, пак, предизвикува отоци во нозете, стапалата и глуждовите.
Лимфедем
Лимфедемот претставува акумулирање течности поради проблеми со лимфниот систем.
Ова предизвикува отоци кои најчесто се јавуваат на рацете и нозете, но може да се појават и на стомакот, вратот, гениталиите…
Гихтичен артритис
Ова е уште една форма на артритис, која се смета за најболната.
Луѓето кои го имаат овој вид артритис може да се соочат со оток на палецот на ногата, но отоците можат да се јават и на глуждовите, петите и колената.
Покрај отокот, болеста се карактеризира и со црвенило и болка.
Бурзитис
Бурзитисот е состојба која има влијание врз малите кесички кои го омекнуваат ударот кој настанува помеѓу тетивите и коските.
Обично има влијание врз рамената, колковите и лактите, но може да се појави и на колената, петите и палците на стапалата.
Ако имате бурзитис, покрај оток, може да чувствувате болка и вкочанетост на стапалата.
Спирова С. | Црнобело