Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува?
Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамки? Можно е да имате псоријаза на главата, но не грижете се - постојат начини како да ја излечите.
Псоријазата е заболување на кожата кое се манифестира со црвенило, чешање и задебелена кожа.
Се јавува по целото тело, најчесто на лактовите, грбот, нозете, по главата, па дури и на ноктите.
Поријазата на главата не е заразно заболување, па не можете да го добиете од некој друг, односно не се пренесува.
Причините за нејзиното настанување не се познати, но се верува дека псоријазата на главата настанува како одговор на телото на некое пореметување на имунолошкиот систем.
Најчест виновник за нејзиното појавување е генетиката.
Интензивното чешање може да влијае на сонот на оној кој боледува, како и секојдневниот живот, а може да доведе и до инфекција на кожата и губење на косата.
Симптоми
Псоријазата на главата се манифестира со задебелени, отечени и црвени дамки со добро изразени краеви.
На врвот од овие подрачја има сребрено бели лушпи. Лесно може да ги откорнете и да предизвикате крварење.
Симптомите на блага псоријаза на скалпот може да бидат само благо, фино лупење.
Симптомите на умерена до тешка псоријаза на скалпот вклучуваат: лупење на кожата, пецкање или болка, лушпести, задебелени црвени дамки, сребрено-бели дамки, чешање, сува кожа, опаѓање на косата.
Дали смеете да ја фарбате косата ако имате псоријаза?
Доколку сте љубител на фарбана коса, а имате проблеми со псоријаза, треба да бидете многу внимателни.
Фарбите и бланшот можат да доведат до големи иритации и ширење на псоријазата.
Прво погрижете се да го намалите воспалението, па дури потоа размислувајте за фарбање. А, пред да се фарбате, најдобро консултирајте се со дерматолог.