Дали е безбедно, дали боли – Што треба да знаете за отстранувањето на бенките?
По отстранувањето, дерматологот ќе ги тестира клетките на бенката за да се осигури дека не се малигни, односно дека не претставуваат ризик за рак.
Постојат и други методи за отстранување кои денес се користат поретко.
Овде спаѓаат ласери, како и отстранувањето со течен азот. Сепак, дерматолозите ги избегнуваат овие третмани бидејќи тогаш не можат да тестираат примерок од бенката.
Закрепнувањето по третманот е релативно брзо, а дерматологот ќе ви каже како правилно да се грижите за раната.
Постојат ли ризици од отстранувањето на бенките?
Како и секој зафат, и отстранувањето на бенките носи некои ризици, но важно е да знаете дека се мали.
Дел од ризиците вклучуваат:
- Крвавење
- Лузна на местото на бенката
- Инфекција
- Оштетување на нервите
Кога треба да се обратите на лекар по отстранувањето?
Времето на закрепнување зависи од видот на бенката, како и вашето целокупно здравје.
Во просек, на повеќето луѓе им требаат две-три недели за целосно да закрепнат.
Во овој период можете да продолжите со секојдневните активност, а можно е да чувствувате блага болка на местото на бенката.
За да избегнете компликации, задолжително следете ги инструкциите што ќе ви ги даде дерматологот.
Ако забележите проблеми за време на и по закрепнувањето, препорачливо е да одите на лекар.
Проблеми и симптоми на кои треба да обрнете внимание:
- Постојано крвавење
- Знаци на инфекција, како црвенило и гној
- Повторно растење на бенката
Можете ли сами да си отстраните бенка?
Иако на интернет можете да најдете безброј совети и трикови за „безбедно“ отстранување бенки во домашни услови, никако немојте да го правите ова.
И тоа од неколку причини:
- Можно е да станува збор за малигна бенка
- Можно е да не ја отстраните целата бенка
- Го зголемувате ризикот од инфекција
- Можете да си направите голема лузна
Спирова С. | Црнобело