Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис

Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка терапија со пеницилин или друг антибиотик. Но, доколку не се лекува, оваа болест може да предизвика сериозно оштетување на мозокот, срцето и другите органи, па дури и да биде смртоносна. Што треба да знаете за сифилис и како да се заштитите?

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-01.jpg

Сифилис е бактериска инфекција која најчесто се пренесува преку сексуален однос.

По заразувањето и првите благи симптоми, бактеријата може да биде неактивна во организмот со години, пред да почнат да се јавуваат посериозни симптоми.

Денес ова е болест која може да се излечи релативно лесно. Но, доколку не се третира, може да предизвика сериозни оштетувања на срцето, мозокот и другите органи, а може да предизвика и смрт.

Како се пренесува?

Најчесто болеста се пренесува со сексуален однос.

Болеста предизвикува мали ранички во устата и во областа на гениталиите. Ако дојдете во контакт со овие ранички за време на вагинален, анален или орален секс, можете да се заразите.

Исто така, ако бремена жена ја има болеста, може да му ја пренесе на бебето.

Важно е да знаете дека болеста НЕ се пренесува преку допирање или делење предмети како:

  • Тоалетна школка
  • Брава
  • Базен
  • Прибор за јадење
  • Облека

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-02.jpg

Кои се симптомите на сифилис?

Сифилисот се развива во неколку фази, а секоја е проследена со разни симптоми.

Некогаш фазите можат да се преклопат, а симптомите не секогаш се јавуваат по истиот редослед.

Можно е да бидете заразени со сифилис и да не почувствувате никаков симптом со години.

Фазите на сифилис и симптомите што доаѓаат со нив:

Примарен сифилис

Првиот знак на зараза е мала раничка која се појавува на местото каде што бактеријата влегла во телото.

Оваа раничка се појавува околу три недели по заразата. Притоа, кај некои луѓе може да се појави само една, а кај некои и по неколку ранички.

Многу луѓе не се ни свесни за овој симптом бидејќи раничките се безболни, а неретко се појавуваат во вагината или аналниот отвор, па нема како да се забележат.

Раничките од примарниот сифилис заздравуваат сами, за три до шест недели.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-03.jpg

Секундарен сифилис

Неколку недели откако ќе заздрават првите ранички, може да се појави осип низ целото тело, вклучувајќи ги и внатрешните страни од дланките и стапалата.

Овој осип не предизвикува чешање.

Можат да се појават и ранички во устата или во областа на гениталиите.

Некои луѓе чувствуваат и симптоми како паѓање на косата, болки во мускулите, треска и отечени лимфни жлезди.

Симптомите на секундарниот сифилис можат да се повлечат за неколку недели. Во некои случаи можат да се појавуваат и да се повлекуваат во период од околу една година.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-04.jpg

Латентен сифилис

Доколку болеста не е третирана, влегува во следната латентна, односно „скриена“ фаза.

Ова е период кога не се појавуваат никакви симптоми и може да трае со години.

Во некои случаи, болеста останува латентна, но во некои почнува да се развива во следната фаза.

kako-se-prenesuva-koi-se-simptomite-i-dali-ima-lek-se-shto-treba-da-znaete-za-sifilis-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg