Колку се опасни инфекциите со кандида и како можете да се заштитите?
Вагинална кандидијаза
Вагиналната кандидијаза е мошне честа и се претпоставува дека барем три четвртини од жените ја имале барем еднаш во животот.
Најчестите симптоми се:
- Чешање во областа на гениталиите
- Болка за време на секс
- Болка при уринирање
- Абнормален вагинален исцедок
Инфекција со кандида може да се јави и кај мажите, а обично е проследена со симптоми како црвенило и чешање.
Веќе спомнавме дека вагиналната кандидијаза е честа појава, а постојат и некои фактори кои го зголемуваат ризикот.
Овде спаѓаат:
- Бременост
- Хормонална контрацепција
- Дијабетес
- Ослабен имунитет (поради ХИВ, хемотерапија и слично)
- Пиење антибиотици
За да ја спречите појавата на вагиналната кандидијаза, препорачливо е да носите памучна долна облека. Истовремено, за интимните делови користете нежни сапуни и шампони, без парфеми.
Ако земате антибиотици, разговарајте со вашиот лекар за спречување на појавата на кандидијаза. И, секако, не пијте антибиотици на своја рака.
Ако имате инфекција, избегнувајте сексуални односи додека да ви помине.
Инвазивна кандидијаза
За разлика од претходните два вида, инвазивната кандидијаза може да биде сериозна инфекција бидејќи може да зафати разни делови од телото како срцето, мозокот, очите, коските…
Во овој случај, кандидата е во крвотокот и на тој начин се разнесува низ телото.
Луѓето кои имаат инвазивна кандидијаза обично веќе страдаат од некој друг здравствен проблем.
Генерално, главниот симптом е треска која трае премногу долго. Па, во овој случај препорачливо е да одите на лекар за да добиете точна дијагноза.
Постојат неколку ризични фактори за појава на инвазивна кандидијаза:
- Долг престој во болница
- Ослабен имунитет
- Неодамнешна операција
- Земање големо количество антибиотици
- Проблеми со бубрезите
- Дијабетес
- Предвремено родени бебиња
Постојат некои работи што можете да ги направите ако сте во ризична група за да се заштитите.
Ако сте во болница, секогаш кажувајте им на лекарите ако почувствувате необични симптоми. Истовремено, редовно мијте ги рацете.
Ако сте во ризична група, најверојатно самите лекари да ви препишат одредени лекови што го намалуваат ризикот од инфекција.
Постојат и други (поретки) видови кандидијаза. Затоа, ако забележите какви било симптоми, секогаш консултирајте се со лекар за да добиете соодветна дијагноза и соодветна терапија.
Спирова С. | Црнобело