Промени во менструалниот циклус кои можат да бидат знак за проблем (и не треба да ги игнорирате)

Кај многу жени можат да се јават (непријатни) промени во менструалниот циклус кои можат да бидат загрижувачки. Кои од овие промени се знак за некаков проблем?

narushuvanje-na-menstrualniot-ciklus-koga-e-vreme-za-poseta-na-lekar-01.jpg

Менструалниот циклус е природен и витален процес во репродуктивниот систем на жената. 

Тој вклучува сложена интеракција на хормони кои го подготвуваат телото за потенцијална бременост секој месец.

Сепак, кај многу жени менструалниот циклус може да се промени, предизвикувајќи непријатност и нарушување на секојдневниот живот.

Додека повремените варијации во менструалниот циклус се сметаат за нормални, одредени промени може да бараат медицинска помош.

Кога е време да одите на лекар?

Нередовни менструации

Ако менструацијата ви станала нередовна или целосно престанала (а не сте бремени), тоа може да биде знак за проблем.

Нормалниот менструален циклус трае околу 21 до 35 дена и секое значително отстапување од оваа шема треба да се истражи.

Вашиот гинеколог може да помогне да се утврди причината за нередовните менструации, кои можат да бидат предизвикани од хормонален дисбаланс, синдром на полицистични јајници, нарушувања на тироидната жлезда или други медицински состојби.

Прочитајте и: Што треба да знаете за синдромот на полицистични јајници и кога треба да одите на лекар?

narushuvanje-na-menstrualniot-ciklus-koga-e-vreme-za-poseta-na-lekar-04.jpg

Обилно или продолжено крварење

Прекумерното или продолжено менструално крварење, познато како менорагија, може да доведе до анемија и да има негативно влијание врз секојдневието.

Ако откриете дека крвавењето е пообилно, има големи згрутчувања на крвта или имате крвавење кое трае подолго од една недела, препорачливо е да побарате лекарска помош.

Неколку основни состојби, како што се миом на матката и ендометриоза, можат да бидат одговорни за оваа промена во циклусот.

Многу силни менструални болки

Иако одредено ниво на непријатност за време на менструацијата е вообичаено, силната и исцрпувачка менструална болка, позната како дисменореа, не треба да се игнорира.

Ако лековите против болки кои се издаваат без рецепт не даваат олеснување или ако вашата болка прави проблеми во вашата дневна рутина, време е да се консултирате со лекар. 

narushuvanje-na-menstrualniot-ciklus-koga-e-vreme-za-poseta-na-lekar-02.jpg

Предменструален синдром кој влијае на секојдневниот живот

Повеќето жени доживуваат благи предменструални симптоми, како што се промени во расположението, надуеност или осетливост на градите, во деновите пред менструацијата.

Меѓутоа, ако овие симптоми значително влијаат на квалитетот на вашиот живот, тоа може да биде показател за предменструално дисфорично нарушување.

Тоа е потешка форма на ПМС што може да предизвика екстремни промени во расположението, депресија, анксиозност и раздразливост. 

Ненадејни промени во менструалниот циклус

Ако почувствувате ненадејни и значајни промени во вашиот менструален циклус, како што е ненадеен прекин, тоа може да биде причина за загриженост.

Овие нагли промени можат да бидат поврзани со различни фактори, вклучувајќи бременост, стрес или основни медицински состојби. 

narushuvanje-na-menstrualniot-ciklus-koga-e-vreme-za-poseta-na-lekar-03.jpg

Проблеми со плодност

Ако активно се обидувате да забремените и сте неуспешни подолг период, можеби е време да се консултирате со лекар.

Нередовните менструации или други нарушувања на менструалниот циклус можат да влијаат на плодноста.

Лекар специјализиран за репродуктивно здравје може да го процени вашиот менструален циклус, да ги изврши потребните тестови и да препорача соодветни третмани за да ги зголемите вашите шанси за зачнување.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg