7 сигурни трикови против прејадување од досада
Дали некогаш сте се запрашале колку би јаделе ако јадете само кога сте гладни и да престанете да јадете кога ќе бидете сити? Ако ги исклучиме...
...деновите кога сте под посебно голем стрес, прејадувањето треба да се избегнува во секоја прилика, а што е најинтересно не се прејадуваме затоа што сме гладни туку најчесто – поради досада.
Секому се има случено да јаде за да ја прикрие досадата, а последица на тоа е честата грижа на совест и по некој килограм повеќе. Но, и тука има помош.
Ви откриваме 7 начини како да излезете на крај со оваа лоша навика:
Повикајте пријател
Наместо да посегнете за храната, посегнете по телефонот и повикајте некој пријателкат кого не сте го слушнале извесно време. Занимливостите кои ќе ги слушнете ќе ви ги оттргнат мислите од чоколадото кое посакувате да го „решите“.
Расчистувајте...
Расчистувајте го плакарот, паричникот, чантата, полиците во кујна – не е важно што, важно е рацете да ви бидат зафатени. Наместо да се дебелеете, бидете продуктивни!
Прошетајте
Десет минутното шетање е доволно за да ви го одврати вниманието од грицкање поради досада. Покрај тоа, добро е за кондиција.
Напијте се вода
Малку пред да јадете напијте се неколку голтки вода, а истото направте го и во текот на денот. Ако чувствувате дека по ручекот би можеле нешто да грицнете, повторно напијте се вода и по неколку минути многу е веројатно дека нема да бидете повеќе гладни.
Сортирајте ја храната
Кога имате желба неконтролирано да јадете и тоа се што ќе најдете во фрижидерот, сортирајте ја храната и тоа по категории, храна богата со здрави маснотии, јаглени хидрати и белковини. На тој начин ќе имате увид колку сте изеле.
Џвакајте мастика
Желбата за грицкање по обилниот ручек сигурно нема врска со гладот, па за да не се прејадете, џвакајте мастика. На вашата уста и треба нешто што ќе и го одвлече вниманието од храната.