8 причини зошто не треба да спиете премалку или премногу
Сува кожа и појава на брчки
И недоволното и претераното спиење можат да предизвикаат проблеми со кожата, како сувост.
Кога се будиме, нашето тело, вклучувајќи ја и кожата се дехидрирани.
Па, ако спиете повеќе од осум часа, само ќе го влошите овој проблем.
Со текот на времето, пак, сувата кожа може да предизвика чешање, па и рана појава на брчки.
Ослабен имунитет
Слично како недостатокот од сон, и прекумерното спиење може да го ослаби имунитетот.
Ова, пак, ќе ве направи поподложни на секакви болести.
Зголемен ризик од депресија
Прекумерното спиење неретко е еден од симптомите на депресија.
Но, прекумерното спиење може и да го зголеми ризикот од депресија кај оние кои ја немаат.
Истото важи и за недостатокот од сон – несоницата може да биде симптом на депресија, но и да го зголеми ризикот од нејзина појава.
Зачестени главоболки
Веројатно и ова е нешто што го имате забележано сами – сигурно барем еднаш сте се разбудиле со главоболка откако сте спиеле подолго од осум часа.
Главоболките се почеста појава и кај луѓето кои не спијат доволно.
Спирова С. | Црнобело