Држењето на чашата го открива карактерот
Начинот на кој гестикулираме, се смееме или ракуваме, многу зборува за нас, но и начинот на кој ја држиме чашата, стилот и темпото со кое ...
...го пиеме пијалакот ја разоткриваат нашата личност.
Психолозите се сложуваат дека чашата во рака ги открива личните црти, а секој и припаѓа на една од седумте групи.
Ако се суди по чашата, можете да бидете кокетка, озборувачка, љубовник, срамежливко, студена кралица, препотентно момче или силеџија.
Со ова истражување се занимавал Глен Вилсон, психолог на Кралскиот колеџ во Лондон. Тој еден месец правел обиколка на кафулиња и ресторани, а посебно внимание му посветил на говорот на телото.
Срамежливко
Срамежливите личности се кријат зад чашата, ја држат заштитнички и не ја испуштаат од рака, а пијалокот никогаш не го испиваат до крај. Често пијат со сламка.
Кокета
Тие чашата ја држат нежно, префинето и по малку провокативно, блиску до деколтето. Додека испиваат голтка, заводливo гледаат преку работ на чашата. Кокети се Парис Хилтон и Кејт Валш.
Озборувачка
Чашата со вино ја држи за ногарката и таа и служи како алат при гестикулацијата. Често се навалува над чашата кон соговорникот за да му каже нешто во доверба. Нови лица и аутсајдери не се добредојдени во нејзиното друштво.
Студена кралица
Овој, најчесто женски тип има прилично студен и одбрамбен став. Најчесто пијат од винска или ниска чаша која ја држат цврсто пред себе како бариера со која ја чуваат интимата. Нивниот оклоп е невозможно да се разбие. Студени кралици се Викторија Бекам и Дебора Бар.
Силеџија
Овој борбен тип на мажи сака да пие од шише или големи чаши. Имаат цврсти ставови, а со гестикулации и со внесување на соговорникот во лице праќаат заканувачки пораки. Мислат дека знаат сè, често се непријатни, непријателски рaсположени и најпаметно е да ги избегнуавте. Од светот на славните такви се Расел Кроу и Наоми Кембел.
Љубовник
Друштвени се, гостољубиви и комуникативни. Сакат да се смеат во друштво на пријателите и со радост запознаваат нови луѓе. Често пијат од шише кое го држат лежерно во височина на рамениците. Голтките им се кратки за да не пропуштат ни момент од разговорот.
Препотентно момче
Тој е како рајска птица и сака да се „чатали“. Пие пиво од шише, во настапот е сигурен, арогантен и територијален. Седи така што завзема најмногу простор, а чашата ја остава далеку од себе.