14 факти кои не сте ги знаеле за своето тело

14-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-svoeto-telo-povekjeДали сте знаеле дека луѓето излачуваат литри течности преку стапалата, дека носот може да запомни 50 илјади различни мириси, или...


...дека од `рчењето може да се оглуви?

Ви преставуваме неколку занимливости за човековото тело кои веројатно порано не сте ги слушнале.

1. Отисок од јазикот

14-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-svoeto-telo

Имено, исто како и прстите, и јазикот на секоја личност на светот има единствен отисок.

2. Перутање

Не создава само вашиот љубимец хаос со перутање по ќошињата на собата. И човекот создава првут и отфрла околу 600 илјади честици кожа секој час. Тоа значи дека секоја година вашиот стан ќе биде „побогат“ за околу половина килограм мртви клетки, секако ако не го чистите. Просечен човек за 70 години ќе отфрли неверојатни 47 килограми кожа.

3. Број на коски

Возрасен човек има неколку коски помалку од бебињата. Се раѓаме со околу 350 коски, но поради нивното сраснување во текот на растот завршуваме само со 206.

4. Паметење на мириси

Вашиот нос не е осетлив како оној на кучето, но затоа може да запомни 50 илјади различни мириси.

5. Долги црева

Тенкото црево е околу четири пати подолго од висината на просечен возрасен човек. Бидејќи е долго 5-7 метри не би можело да го собере во стомакот ако не е извиткано.

6. Бактерии

Секој квадратен сантиметар на вашата кожа е прекриен со околу шест милиони бактерии, но за среќа повеќето се безопасни.

7. Извор на непријатен мирис

Извор на непријатен мирис на стапалата и пазувите е потта, а луѓето излачуваат со литри течности преку стапалата. Секое стапало има повеќе од 500 илјади потни жлезди и може да произведе повеќе од половина литар пот дневно.

8. Брзина на кивање

Воздухот во текот на кивањето патува со брзина од 160 km/h или повеќе, што е доволна причина да ставите рака пред носот и устата.

9. Крвоток

Крвта поминува многу долг пат: кога би се надоврзале сите крвни садови од човековото тело еден на друг, нивната должина би била 60.000 километри. Покрај тоа, вредното срце пумпа 7,5 илјади литри крв секој ден.

10. Количина на плунка

Во текот на животот просечен човек произведува 25.000 литри плунка што е доволно да се наполнат два базена.

11. Потреба за сон

Дали сте знаеле дека без храна можете да издржите со недели, но без сон ниту единаесет дена?

12. Крчење

Од 60-тата година на живот 60% мажи и 40% жени крчат. Меѓутоа, звукот на крчење може да ги оглуви. Иако просечното крчење произведува бучава од 60 децибели, што е еквивалент на гласност на нормален разговор. Некои луѓе можат да произведат и 80 децибели звук со крчење. Тоа е гласно колку и пневматска дупчалка за цимент. Нивото на бучава од 85 децибели се смета за штетно за човековото уво.

12. Боја на коса и број на влакна

Бојата на косата помага да оцените колку е густа вашата коса, а во тоа водат блондинките. Просечен човек има околу 100 илјади фоликули на влакна од кои секој е способен да произведе 20 независни влакна во текот на животот на човекот. Блондинките имаат 146, оние со црна коса имаат околу 110, додека луѓето со црвена коса имаат најмалку густа коса – во просек 86 илјади фоликули.

13. Нокти

Ноктите најбргу растат на прстите кои најчесто се употребуваат. Затоа секогаш ќе имате подолги нокти на раката со која што пишувате и тоа на најдолгиот прст. Во просек, ноктот расте околу 2 милиметри месечно.

14. Глава

Не е чудно што бебето во почетокот не може да ја држи главата исправено. Имено човековата глава е една четвртина од нашата височина при раѓање, но подоцна е долга една осмина од вкупната височина.

Би можело да ве интересира:

Анална фисура - што ја предизвикува и како се лечи оваа непријатна состојба? За отстранување на фисурата потребна е операција, но постојат начини со кои може...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg