Кога треба да направите спермограм и што покажува оваа анализа?

Што се утврдува со анализата?

Ако правите спермограм по вазектомија, анализата обично се фокусира само на тоа дали има (живи) сперматозоиди во вашата семена течност.

Спермограмот за плодност се фокусира на неколку работи, како:

  • pH ниво: Дали семената течност е многу кисела и дали има влијание врз сперматозоидите
  • Број на сперматозоиди: Бројот на сперматозоиди во целиот примерок.
  • Движење на сперматозоидите: Сперматозоидите мора да можат да се движат кон напред за да ја оплодат јајце-клетката
  • Форма на сперматозоидите: Оние со абнормална форма нема да можат да ја оплодат јајце-клетката.
  • Бели крвни зрнца: Ако се присутни во семената течност, можно е некоја инфекција да создава проблеми со плодноста

Доколку резултатите од спермограмот се надвор од нормалата, не мора да значи дека сте трајно неплодни.

Но, голема е веројатноста семената течност да е проблем.

Во овој случај, вашиот лекар може да направи дополнителни испитувања и, според вашите резултати, да ви даде соодветна терапија.

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-05.jpg

Кои се најчестите причини за неплодност кај мажите и може ли да се спречи?

Постојат многу причини за проблеми со неплодност кај мажите, додека во некои случаи лекарите не можат да лоцираат причина.

Сепак, постојат некои причини кои се почеста појава, како:

  • Проблеми со семената течност предизвикани од здравствени проблеми како дијабетес, или инфекции како кламидија, гонореја, ХИВ и слично
  • Проблеми со семената течност кои се наследни
  • Проблеми со исфрлањето на семената течност од разни причини како прерана ејакулација, одредени генетски болести, повреда на репродуктивните органи и слично
  • Голема изложеност на штетни фактори како пестициди или радијација
  • Претерано користење алкохол, цигари и стероиди
  • Оштетување на репродуктивните органи од рак и третман со радијација или хемотерапија

Врз некои причинители на неплодност не можете да влијаете. Но, можете да направите мали животни промени за да го намалите ризикот од неплодност:

  • Избегнувајте алкохол и цигари
  • Избегнувајте купки со многу жешка вода
  • Избегнувајте изложеност на токсични супстанци
  • Бидете физички активни

se-borite-so-neplodnost-koga-treba-da-napravite-spermogram-i-shto-pokazhuva-ovaa-analiza-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Причини за неплодност кај мажите + може ли да се спречи? Кога станува збор за неплодност, најчесто проблемот се бара кај жената. Но, и ма...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg