5 совети како да ги израснете шишките (пред пак да ги скратите затоа што ви паѓаат во очи)

Ако подолго време носите шишки и сега сакате да ги израснете, веројатно процесот на растење ќе ви досади, па ќе добиете желба да ги земете ножиците и пак да ги потстрижете.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-01.jpg

Дали на ум долго време ви се врти идејата да ги пуштите шишките?

Прочитајте ги овие пет совети со чија помош, се надеваме, успешно ќе ги израснете шишките уште од прва.

Чувајте ја вашата коса здрава

Најдобриот начин брзо да ги израснете шишките е да ја одржувате косата здрава. Затоа правете третмани со кои ќе го поттикнете растот на косата.

На пример, можете да ставате хидратантна маска за скалпот. Или користете шампони за поттикнување на растот во комбинација со шампонот што го користите регуларно.

Од друга страна, ако вашата коса е слаба, таа ќе биде повеќе склона кон кршење, што може да го продолжи периодот на растење.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-02.jpg

Исечете го центарот на вашите шишки

Ова можеби ќе ви звучи неверојатно, но ако ги потстрижувате шишките редовно, тие само ќе растат побрзо. Одете на фризер и побарајте од вашиот стилист да ви ги скрати шишките меѓу веѓите или да ги разреди и да добијат поинаква текстура.

Ваквите шишки ќе паѓаат поблаго и за кратко ќе почнат да ви се обликуваат околу лицето, во зависност од тоа колку се долги.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-07.jpg

Направете слоеви на шишките

Штом вашите шишки ќе пораснат доволно, побарајте од вашиот фризер да ви ги потстрижи шишките во слоеви за да се обликуваат околу лицето и да може беспрекорно да се вклопат во остатокот од вашата коса.

Потстрижувањето во неколку пократки внатрешни слоеви ќе ѝ даде и волумен на косата.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-03.jpg

Користете шноли или венче

Кога ќе почнете да се двоумите дали да ги потстрижите или да им дадете уште една шанса да пораснат, наједноставно е да ги соберете со шноли или да почнете да носите венче.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-06.jpg

Зголемете го волуменот

Друг начин да ги држите шишките подалеку од вашето лице додека чекате да пораснат е да им дадете волумен. Почнете да ги прскате со шампон за суво миење или со спреј за волумен.

Така, шишките ќе ви се поткреваат и нема да ви паѓаат во очи, дури и додека се во онаа најлошата должина што сигурно ви пречи.

5-soveti-kako-da-gi-izrasnete-shishki-pred-da-dobiete-zhelba-pak-da-gi-potstrizhite-zashto-vi-pagjaat-v-ochi-05.jpg

Екстра совет: Фенирањето е многу важно за секаков вид шишки, па затоа секогаш сушете ги со фен и четка, во спротивна насока од лицето, па спуштете ги назад. Така ќе добијат екстра волумен.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg