Импланти на задник, зголемување на пенис – пластични хирурзи откриваат кои се најризичните операции
„Екстремна“ липосукција
Липосукцијата е отстранување на салото од телото и ова е мошне честа, како и една од најбезбедните процедури.
Но, процедурата може да биде опасна ако се отстрани многу сало.
„Ако отстраните шест до седум литри сало, ќе се јави голема промена на волуменот на телото, како и голема промена на електролити кои имаат ефект на секој систем во телото.
Пациентите може да изгубат свест, да имаат респираторни проблеми, проблеми со срцето…“, вели хирургот Кенет Ротаус.
Според него, најбезбедно е да се отстранат максимум два литра сало бидејќи тогаш ризикот од компликации е речиси нула.
Инјекции со физиолошки раствор за гради
Во оваа процедура, хирургот инјектира физиолошки раствор во градите за да им го подобри изгледот и да ги направи малку поголеми. Резултатот е краткотраен – ефектот може да исчезне уште следниот ден.
Хирургот Дејвид Кангело смета дека нема потреба да се прави третман кој трае толку кратко, а кој сепак претставува ризик.
„Самата игла може да предизвика хематом. Секојпат кога ставате игла под површината на кожата, настанува воспалување, а ова може да предизвика и лузни“.
Зголемување на пенисот
Хирургот Кангело открива дека постојат процедури за зголемување на пенисот со дермални филери, како хијалуронска киселина.
Според него, овие процедури се бесмислени бидејќи не додаваат должина на половиот орган, а сепак можат да бидат ризични.
„Со инјекциите си правите лузни под кожата на пенисот. Какви можат да бидат долгорочните последици кај овој орган, кој е важен, само Бог знае“.
Спирова С. | Црнобело