10 трикови и совети со кои парфемот ќе ви трае многу подолго
Нанесете го парфемот веднаш по туширање, чувајте го во оригиналната кутија во којашто сте го купиле и најдобро е да го нанесувате на таканаречените пулсирачки точки – кои други трикови ќе ви помогнат да го продолжите траењето на парфемот?
Кога станува збор за парфеми, сите се соочуваме со ист проблем – нивната трајност.
Дури ни скапите парфеми не траат неограничено и обично треба да се нанесат уште еднаш-двапати во текот на денот за да можеме да ги почувствуваме.
Но, постојат некои трикови со кои парфемот сигурно ќе ви трае подолго, без разлика колку пари сте дале за него.
Неколку од нив во продолжение:
Не заборавајте на хидратацијата на кожата
Парфемот ќе ви трае многу подолго ако вашата кожа е хидрирана.
Сувата кожа многу побрзо впива, што значи побрзо ќе го впие и парфемот, а со тоа и неговата арома.
Нанесете го парфемот веднаш по туширање
Можете да го продолжите траењето на парфемот и ако го нанесете веднаш по туширање.
Вo овој случај само осигурете се дека ќе нема капки вода на телото.
Немојте да го триете парфемот
Многу луѓе имаат навика да ги истријат зглобовите откако ќе нанесат парфем, но со ова само се скратува неговата трајност.
Кога ја триете кожата, се создава топлина, а од топлината парфемот испарува побрзо.
Кога купувате парфем, обрнете внимание на концентрацијата
Ознаките како Eau de Toilette и Eau de Parfum покажуваат колкава е концентрацијата на парфемот во шишенцето.
Колку поконцентриран е парфемот, толку е поинтензивен мирисот и толку подолго трае.
Најдолго трае парфемот на кој пишува само Perfum. Потоа следи Eau de Parfum и на крај Eau de Toilette.
Не мешајте парфеми со дезодоранси и антиперспиранти со силен мирис
Дезодорансите и антиперспирантите можат да имаат влијание врз парфемот ако имаат многу силен мирис.
Па, најдобро немојте да ги комбинирате, односно нанесувајте дезодоранси и антиперспиранти со послаб мирис.