Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Трик за природно виткање на косата како од фризерски салон (видео)

Крупните кадрици секогаш изгледаат убаво и елегантно, а оваа девојка сподели едноставен трик за да ги направите сами без да користите грејни тела или виклери.

trik-za-prirodno-vitkanje-na-kosata-bez-grejni-tela-i-bez-vikleri-video-01.jpg

Косата обликувана во крупни кадрици секогаш изгледа уредно и убаво, но свесни сме дека честото користење на фигаро или пегла може да ја оштети.

Спиењето со виклери, пак, воопшто не е пријатно, па овој трик сигурно ќе ви се допадне.

Американката Кена Меккелан на ТикТок редовно споделува видеа за обликување на косата со предмети од домаќинството, а неодамна сподели интересен трик за природно виткање на косата што сигурно ќе го испробате.

@kennarwood I posted this method a few weeks ago but I thought I’d post it again!! Let me know if you have any questions and I’ll try my best to answer! I also love the leggings curls and dish towels curls so far lol #heatlesscurls #heatlesscurlstutorial ♬ original sound - Kenna McClellan

Потребни ви се само неколку најлонски ќеси.

1. Се земаат две ќеси и се ставаат една во друга и се прикачуваат со штипка на едната страна на главата, а потоа се земаат уште две ќеси една во друга и се прикачуваат со уште една штипка на другата страна.

2. По ова се плетат две внатрешни плетенки околу ќесите и се прицврстуваат со ластичиња.

Оние што го пробале овој трик велат дека ќесите не пречат за спиење и дека следното утро се разбудиле со убави кадрици. 

По отпуштање на косата, потребно е да нанесете спреј за зацврстување.

Погледнете во наредното видео како изгледа косата наредниот ден:

@kennarwood Happy monday??? What do you guys have going on?! #heatlesscurls #grwm #mondaymorning ♬ original sound - Kenna McClellan

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...
Алтернативи за сув шампон кои ќе ве „спасат“ во последен момент Пченкарниот скроб неретко се среќава во нашите кујни, а е уште една евтина и доб...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg