Нов тренд за визуелно исполнување на усните без филери – сте пробале ли овално исцртување? (видео)
Ќе добиете поисполнети и подебели усни без да користите филери или ботокс, само со употреба на лесна техника со моливче за усни. Сте слушнале ли за новиот тренд на исцртување на усните?
На социјалните мрежи се шири нов тренд за визуелно зголемување на усните што лесно можете да го примените, а според корисничките, изгледот што го добивате е како да сте ставиле филери, без да се подложувате себеси на интервенции и корекции.
Некои девојки и дами се задоволни со изгледот на сопствените усни, но има и такви што постојано бараат нови начини за тоа како да направат усните да изгледаат поисполнети и поголеми без да користат филери или ботокс.
Со помош на шминка и со овој трик можете да го постигнете изгледот што го посакувате.
Со моливче за усни цртате мала линија на средината на лакот на горната усна и една мала линија под долната усна.
Користејќи ги овие две линии како водилки се исцртува овал на средината на усните.
За крај усните се премачкуваат со сјај за усни и со кармин, а со стапче се брише вишокот моливче по краевите.
Тиктокерките се убедени дека овој трик им дава пополни, поголеми и поубаво оформени усни.
Погледнете го видео упатството:
@jacquelinekilikita Stop over-lining your lips and start oval-lining! Inspired by @katiahaek #ovallining #lipliner #plumplips #liphack #makeuphack #beautyinatik ♬ Glue - Bicep
Б. С. Б. | Црнобело