Трикови за убавина кои ќе ви помогнат брзо да се подготвите за работа кога немате многу време
Ако сте во брзање, никој нема да забележи ако наместо сенка за очи ставите руменило или потемна камена пудра.
На сите ни се случува да се разбудиме подоцна без многу време за средување пред да тргнеме на работа. Но, ова не значи дека морате да ја прескокнете вашата рутина.
Постојат многу трикови кои ќе ви помогнат да се подготвите за 10-тина минути.
Осум вакви трикови во продолжение:
Прес спиење замотајте ја косата во марама
Ако косата лесно ви се заплеткува додека спиете, можете да го спречите ова со обична марама.
Прво соберете ја косата во пунџа, но не ја стегајте, а потоа ставете марама на главата.
Препорачливо е да ставите памучна или свилена.
Со ова ќе се намали триењето на косата од перницата и не само што следното утро полесно ќе ја исчешлате косата, туку ќе го намалите кинењето и оштетувањето.
Ставете шампон за суво миење пред да си легнете
Шампонот за суво миење е генијален продукт за деновите кога немате време да ја миете косата.
Овој шампон ќе биде уште поефикасен ако го ставите навечер, пред да си легнете.
Продуктот ќе има повеќе време да ги впие маснотиите од косата, но и ќе ѝ даде волумен.
Спијте со плетенка
Ако имате многу долга коса, трикот со марамата можеби нема да биде најефикасен за вас.
Но, секогаш можете да си направите плетенка.
Следното утро ќе имате брановидна коса, а и ќе го спречите заплеткувањето.
Користете продукти со повеќе намени
Наутро ќе заштедите многу време ако користите еден наместо три продукти за лице.
Кога користите повеќе продукти, мора да почекате да се впијат пред да го ставите следниот.
На пример, за наутро купете хидратантен крем кој има и витамин Ц, наместо посебно да ставате и крем и серум со витамин Ц.
Нашминкајте се со прстите
За покомплицирана шминка, секогаш е подобро да користите четки. Но, обично ова е шминка за вечерни излегувања.
Што значи, наутро слободно можете да ги ставите сенките со вашите прсти – на овој начин нема да мора да ги чистите четките.
Наместо сенка, ставете креон
Ако сте во брзање, наместо сенка, можете да ставите подебела линија креон на очите, а потоа само да ја размачкате.
Во овој случај препорачливо е да користите посветол креон.
Поправајте ги грешките на крај
Кога брзате поверојатно е да направите грешки додека се шминкате, но немојте да ги поправате веднаш.
Ќе заштедите многу време ако на крај ги поправите сите одеднаш.
Користете еден продукт за повеќе намени
Никој нема да забележи ако наместо сенка, на очите ставите руменило, бронзер или потемна камена пудра.
Спирова С. | Црнобело