8 популарни митови за убавина во кои треба да престанете да верувате
Резултатите од ласерската депилација траат многу долго, но бидејќи врз растењето на влакната влијаат многу фактори, како хормонални промени, по неколку години можно е да се појават нови влакна на областа што сте ја третирале.
Со толку многу продукти и третмани за убавина, нормално е да се појават и многу митови.
Сите сакаме да се грижиме за изгледот, а поради ова настојуваме да веруваме во разни митови.
Кои митови за убавина не се воопшто точни?
Мит 1: Можете да ги отстраните наследните темни кругови под очите со козметички продукти
Темните кругови под очите се појавуваат од разни причини, како замор или претерано пиење алкохол.
Но, кај некои луѓе оваа карактеристика е наследна.
Додека козметичките продукти можат да ја намалат видливоста на темните кругови ако се од замор или некој надворешен фактор, тие немаат никаква ефикасност кога станува збор за наследна особина.
Мит 2: Ако искубете едно бело влакно, ќе ви пораснат повеќе бели
Кога ќе размислите добро, во овој мит нема никаква логичност.
Кога ќе искубете едно бело влакно, во истата фоликула ќе порасне ново бело. Кубењето нема да има никакво влијание врз околните влакна и нивните фоликули.
Мит 3: Можете да ги зголемите усните на природен начин
Формата и големината на вашите усни се одредени од генетиката.
Ова значи дека не постои природен начин да ги зголемите.
Иако постојат продукти кои го ветуваат ова, тие само предизвикуваат привремено отекување на оваа област, а кога ќе помине ефектот, усните се враќаат во вообичаената големина.
Мит 4: Маскарата ги оштетува трепките
Маскарата може да ги оштети трепките, но само ако не ја отстранувате навечер.
Ако пред спиење ја отстранувате шминката, не би требало да имате никакви проблеми.