8 популарни митови за убавина во кои треба да престанете да верувате
Мит 5: Секојдневното миење ја ослабува косата
Експертите не препорачуваат секојдневно миење на косата, но не бидејќи ослабува.
Ако ја миете косата секој ден, таа само побрзо ќе се мрси.
Но, бидејќи некои луѓе имаат природно помрсна коса, речиси секојдневното миење е неизбежно за нив.
Ако и вие спаѓате овде, слободно мијте ја косатa секој ден бидејќи нема да ја оштетите.
Мит 6: Во ред е да користите продукти со поминат рок
Најдобро избегнувајте ги продуктите со поминат рок.
Ако станува збор за кремови и серуми, откако ќе им помине рокот, тие ја губат ефикасноста.
Кога станува збор за шминка, ако има поминат рок може да ви предизвика иритации.
Мит 7: Можете да ги „залепите“ испуканите врвови на косата со продукти
Продуктите за коса можат да го спречат пукањето на врвовите, но не и да ги „залепат“ веќе испуканите.
Единственото решение за ова е потстрижувањето.
Мит 8: Ласерската депилација ги отстранува влакната засекогаш
Ласерската депилација може драстично да го намали бројот на влакна и резултатите траат навистина долго време.
Но, врз растењето на влакната влијаат многу фактори, како хормонални промени, па по неколку години можно е да почнат да растат влакна на областа каде што сте направиле ласерска депилација.
Сепак, овие нови влакна најверојатно ќе бидат многу потенки и посветли.
Спирова С. | Црнобело