Идеи за невестински фризури од вештите раце на македонски стилисти за коса (фото)
Октај, Станче, Адо - ова се дел од имињата на стилисти за коса во Македонија кои периодов се меѓу најпопуларните, а во продолжение погледнете идеи за невестински фризури од магичните раце на нашите стилисти и инспирирајте се за вашата свадба.
Добра фризура, шминка, венчаница и блескава насмевка – формула за успешен невестински изглед.
Овојпат се задржуваме на добрата фризура, која треба да ја препуштите во рацете на сигурни стилисти, со цел таа да ви трае подолго во текот на денот и вечерта, а притоа да изгледате прекрасно.
Зависно од венчаницата, обликот на лицето, но и каков тип сте, може да одберете целосно собрана коса, полу-собрана или целосно пуштена, со или без украс во главата - изборот е ваш.
Многу од македонските стилисти добро си ја знаат работата, а во продолжение издвојуваме невестински фризури направени од дел од нив и нивните тимови, а сигурни сме дека има уште многу со кои нема да погрешите.
Идеи за фризура кои ќе ви послужат како инспирација и ќе ви дадат доза сигурност дека сте во одлични раце:
Октај Сејди
https://www.instagram.com/p/Ce5legtsOPQ/
Станче Кипријанов
Зоки Давитков
Адо Мурис Хамзиќ
Кои други стилисти за коса ги препорачувате за невестинска фризура?
М. М. | Црнобело