Едноставни и корисни совети што ќе ви помогнат да ја скриете двојната брада
Носете шешири
Можеби звучи чудно, но шеширот ќе го одвлече вниманието од двојната брада, што значи може да ви помогне колку-толку да ја скриете.
Кога се фотографирате, аголот е многу важен
Дури и да немате двојна брада, ако се фотографирате од погрешен агол, може да изгледа како да имате.
Па, најдете го вашиот најдобар агол и користете го за сите фотки.
Исто важно е и светлото
Сè што кажавме за аголот, важи и за светлото.
За да не ви се гледа двојната брада на фотографиите, препорачливо е светлината да доаѓа од извор над вас.
Немојте да носите чокери
Чокерите го ставаат фокусот на вратот и брадата, па најдобро избегнувајте ги.
Подолгите ланчиња, пак, можат да го имаат спротивниот ефект.
Носете впечатлив кармин
И во овој случај целта е да се одвлече вниманието од брадата кон друг дел од лицето.
А, впечатливиот кармин е наједноставниот начин да го постигнете тоа.
Спирова С. | Црнобело