8 работи на кои треба да обрнете внимание за да се нашминкате како експерт

Ако имате мали очи, немојте да ставате креон на внатрешниот дел од долниот капак – вака само ќе направите да изгледаат уште помали.

8-ednostavni-trikovi-i-soveti-so-koi-kje-stanete-ekspert-za-shminkanje-01.jpg

Со продуктите за шминкање што ни се достапни денес, лесно можеме да ја скриеме секоја несовршеност на лицето, а притоа да ги истакнеме карактеристиките што ни се допаѓаат.

Но, за да го постигнете посакуваниот ефект важно е и правилно да ги користите овие продукти.

Во продолжение неколку совети што ќе ви помогнат да станете експерт за шминкање:

Контурирајте го лицето според неговата форма

Целта на контурирањето е да истакне и прикрие одредени карактеристики на лицето. Затоа е важно да го контурирате вашето лице според вашата форма, а не само да следите туторијали.

При контурирање, важно е да знаете две работи – потемните нијанси визуелно намалуваат, а светлите го имаат спротивниот ефект.

Следејќи го ова, ако имате широк нос, можете да го направите визуелно помал ако ставите темна нијанса од неговите страни. Ако имате мал нос, не треба да го правите ова бидејќи ќе направите да изгледа уште помал.

Или, ако сакате да ги истакнете јаболкниците, на нив ставете посветла нијанса, а веднаш под нив малку потемна.

02.jpg

Можете визуелно да ги зголемите очите со креон

Креонот може да направи драстична разлика, но мора да имате предвид едно правило – колку помали ви се очите, толку потенка треба да биде линијата што ќе ја исцртате.

Тенката линија ќе направи окото да изгледа поголемо, додека дебелата го има спротивниот ефект.

03.jpg

Правилно нанесувајте го руменилото

Руменилото може да ви даде младешки изглед ако знаете како да го нанесете.

Најдобро е да нанесете малку на носот и на јаболкниците. Притоа внимавајте да користите нијанса која не е многу потемна од бојата на вашата кожа.

Исто важно е и добро да го размачкате, односно да не се познава контраст помеѓу руменилото и бојата на кожата.

Ако ги седите овие правила, руменилото нема ни да се познава, но сепак ќе го освежи вашето лице.

04.jpg

Не ставајте креон на внатрешниот дел од долниот капак на окото

Ако имате мали очи, немојте да ставате креон на внатрешниот дел од долниот капак на окото.

Со ова само ќе го направите уште помало.

05.jpg

Вежбајте го исцртувањето на усните

Многу девојки користат трикови во шминкањето за да ги направат усните визуелно поголеми.

За да го постигнете овој ефект, важно е да не ја менувате формата на устата премногу. И, секако, ќе треба да повежбате за да се усовршите.

06.jpg

Нема ништо лошо во вештачките трепки

Ако воопшто не сте задоволни од изгледот на вашите трепки, секогаш можете да ставите вештачки.

Можете да си купите трепки што се ставаат и вадат по потреба, а можете и да одите во салон каде што ќе ви стават трајни трепки кои траат и по неколку месеци.

07.jpg

Не претерувајте со боите

Дречливите сенки за очи можат да изгледаат одлично, но само ако не претерате.

Во овој случај најдобро е да се држите до една боја. Односно, наместо да ставите зелена, портокалова и жолта сенка, ќе изгледате многу подобро со неколку нијанси на само зелена или друга боја.

08.jpg

Користете кафеава сенка или гел за веѓи

Освен ако немате природно црни веѓи, секогаш е подобро да користите кафеава сенка, креон или гел за веѓи.

На овој начин ќе го постигнете посакуваниот ефект, а вашите веѓи ќе изгледаат природно.

09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Животински принт и кафеави нијанси за совршен есенски маникир (фото) Светли или темни тонови, шпиц или рамни нокти и по некој украс со животински при...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg