6 фризури за девојките кои не сакаат да трошат време на стилизирање
За храбрите девојки, кратката „пикси“ фризура е најдобриот избор, а ако сакате подолга коса, потстрижете ја степенасто и за да ја стилизирате доволно е само да ја исчешлате.
Постојат многу опции за фризури, и за кратка и за долга коса, но голем дел од нив бараат стилизирање за да изгледаат добро.
Пеглање, фенирање, виткање… сето ова може да одземе многу време, но и енергија.
Ако сакате да ја промените фризурата, а не сте расположени за стилизирање, тогаш пробајте некој од следниве предлози:
Боб фризура со степени
Обично кратката коса бара стилизирање, но ако си направите боб со степени, правењето фризури ќе го сведете на минимум.
Оваа фризура е особено добра за девојки со брановидна коса.
Боб до рамена
Ако, пак, имате права коса и сакате пократка фризура, боб-фризурата до рамената е одличен избор.
Оваа фризура ќе изгледа одлично и само ако ја исчешлате или исушите со фен. Ако сте порасположени за правење фризури, можете да ја средите и само со пегла за коса.
„Пикси“ фризура
За храбрите девојки кои не сакаат да трошат време на стилизирање, многу кратката пикси-фризура може да биде одличен избор.
Разделени шишки
Сами по себе, шишките скоро секогаш бараат стилизирање. Но, не и ако си направите малку подолги шишки, разделени на средина.
Доволно е само да ги исчешлате за фризурата да ви изгледа добро.
„Мулет“ фризура
Оваа фризура најдобро изгледа на малку виткана коса, а благодарение на степените, не мора воопшто да ја стилизирате.
Долга коса со степени
Без разлика дали имате права или виткана коса, ако не ви се троши време на стилизирање, никогаш нема да погрешите со долга степенасто потстрижана коса.
За разлика од рамно потстрижаната коса, оваа фризура изгледа одлично и само ако ја исчешлате.
Спирова С. | Црнобело