10 чести грешки со кои ја уништувате кожата на дланките

Не ставате крем со заштитен фактор на рацете, користите сапуни што ја сушат кожата и ја запоставувате негата на ноктите.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-01.jpg

Сигурни сме дека водите одлична грижа за кожата на лицето, но сигурни сме и дека неретко ги запоставувате вашите дланки.

Знаевте ли дека дланките се можеби најголемиот показател на возраста? А, ако не ги негувате правилно, можат да изгледаат и „постаро“.

Сепак, дланките се дел од телото што го користиме најмногу, па важно е да ги негуваме.

Кои се најчестите грешки со кои ги уништувате вашите дланки?

Не ставате крем навечер

Ако сте како повеќето, веројатно ставате крем за раце кога ќе забележите дека кожата ви е сува.

Ова е сосема во ред, но важно е да ставате крем и навечер, пред спиење, особено во зимските месеци кога кожата се суши многу повеќе.

Ако имате многу суви раце, можете да ставите и многу мрсен крем, дури и вазелин, па да си легнете со ракавици.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-02.jpg

Ги сечете кутикулите

Кога ги сечете кутикулите, голема е веројатноста дека ќе си направите и рана. Оваа рана не само што ќе биде болна, туку и ќе го зголеми ризикот од разни инфекции.

Не заборавајте дека рацете ги користиме постојано, што значи на нив има и многу бактерии. А, кога имате рана на нив, бактериите лесно можат да навлезат внатре.

Наместо да ги сечете, користете дрвено или метално стапче со кое само ќе ги потиснете кутикулите кон внатре.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-03.jpg

Не нанесувате крем со заштитен фактор

Сончевите зраци можат да предизвикаат штета и на кожата на дланките.

Ако не нанесувате крем со заштитен фактор, ќе го забрзате процесот на стареење и ќе го зголемите ризикот од појава на дамки.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-04.jpg

Не носите ракавици кога чистите

Силните хемикалии во средствата за чистење се штетни за кожата. Всушност, и на повеќето амбалажи на овие средства е нагласено да не се користат без ракавици.

Препорачливо е да носете ракавици и кога миете садови.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-05.jpg

Ја запоставувате негата на ноктите

Нема потреба да ставате вештачки нокти ниту да ги лакирате вашите ако не го сакате тоа. Но, не треба целосно да ги запоставите ноктите бидејќи имаат огромно влијание врз изгледот на вашите дланки.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-06.jpg

Ушт пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Грешки во рутината за убавина што ги правиме во лето (а можат да бидат штетни) Дали ставате балсам за усни со фактор? А, дали имате навика да ги бричите нозете...
Дали влакната растат погусти и што друго треба да знаат жените пред да го избричат лицето? Иако кожата може да биде помека, важно е да знаете дека бричењето на лицето не е...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Популарни митови за нега на кожа од Инстаграм и ТикТок (кои можат да бидат и штетни) Не ви требаат 10 продукти за нега на кожа и ако некој продукт ви предизвикува ир...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
7 совети за ноктите да ви растат побрзо и да бидат здрави Кокосово масло, сок од лимон, проѕирен лак за зацврстување - како најлесно да ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg