8 грешки при шминкањето што треба да ги избегнувате (за да го подобрите изгледот)
Не нанесувате хајлајтер и целосно ја менувате формата на усните со карминот.
И шминкањето си бара талент, па не секој може да биде експерт. Но сепак, можете драстично да го подобрите изгледот на вашата шминка ако обрнете внимание на некои детали.
Кои грешки треба да ги избегнувате за шминката да ви изгледа беспрекорно?
Не го миете лицето пред да се нашминкате
Важно е да ја подготвите кожата пред шминкање ако сакате шминката да изгледа добро.
Односно, прво треба да го измиете лицето со вода и нежно средство, темелно да ги отстраните нечистотиите и остатоците од шминка со мицеларна вода, па да нанесете хидратантен крем.
Откако ќе се впие кремот, дури тогаш почнете со шминкање.
Користите само коректори со беж боја
Иако можеби звучи чудно, на некои делови од лицето многу поефикасни се коректори со зелена, па дури и црвена нијанса.
На пример, за црвенило и акни многу подобри се коректорите со зелена нијанса. Од друга страна, многу подобро ќе ги криете подочниците со коректор со црвена нијанса.
Бидејќи сите имаме различна боја на кожата на лицето, експериментирајте со разни коректори пред да ги најдете нијансите што најдобро функционираат за вас.
Користите пудра со погрешна нијанса
Пудрата е најдобро да има слична нијанса како вратот – во спротивно може да има воочлива разлика кога ќе ја нанесете на лицето.
Не користите прајмер
Прајмерот е одлична основа за шминката бидејќи ја прави кожата помазна и ја изедначува нејзината текстура. Покрај тоа, шминката ќе трае многу подолго ако ставите прајмер како основа.
Што значи, шминката ќе изгледа многу подобро ако прво ставите прајмер.