9 грешки во негата на кожа во летниот период (поради кои таа ви е сува или со акни)
Користите погрешни продукти за после сончање
Кремовите за нега на кожата по сончање се исто важни и колку оние со заштитен фактор.
Најдобри кремови за оваа намена се оние кои содржат алое вера. Ова растение ја смирува кожата, особено ако имате изгореници.
Од друга страна, немојте никако да нанесувате вазелин или други мрсни кремови на изгорена кожа бидејќи само ќе ви ја влошат состојбата.
Го прескокнувате хидратантниот крем
Сончевите зраци можат дополнително да ја исушат кожата на лицето, па хидрататнтите кремови се задолжителни за летната сезона.
Не правите пилинг на кожата
Препорачливо е еднаш неделно да направите пилинг на кожата на лицето за темелно да ја исчистите и да го намалите ризикот од појава на акни.
Не се туширате откако ќе излезете од базен
Хлорот и хемикалиите ги уништуваат бактериите во базенот, но можат и да ја исушат вашата кожа. Па, откако ќе излезете од базен, добро би било да се истуширате.
Се туширате со многу жешка вода
Жешката вода дополнително ќе ја исуши вашата кожа во летните денови, па препорачливо е да се туширате со млака.
Спирова С. | Црнобело