6 трикови со кои ќе ја зајакнете косата и ќе го спречите нејзиното паѓање
Дајте им предност на продуктите за коса на природна база и почнете да користите масла кои го поттикнуваат растот на косата.
Во просек, секојдневно губиме од 50 до 100 влакна од косата и ова е нормален процес.
Но, од разни фактори, овој број може да се зголеми и ако забележите дека ви паѓаат повеќе влакна од вообичаено, секако дека ќе се загрижите.
Важно е да знаете дека нема простор за паника бидејќи на многумина им се случува во одреден период од животот да им паѓа повеќе коса.
Ако сте во ваква ситуација, можете да направите некои промени при негата на коса, а ако сепак сте загрижени, секогаш можете да се консултирате и со експерт.
Во продолжение шест совети со кои ќе го спречите паѓањето на косата:
Нанесувајте масло на скалпот
Постојат многу придобивки од маслата, а некои од нив го поттикнуваат растот и со тоа го спречуваат нејзиното паѓање.
Најдобрите масла За оваа намена се кокосово, масло од чичка, арганово, како и масло од лаванда.
Доволно е да го нанесете маслото само на скалпот, да оставете да делува неколку часа, па да ја измиете косата како вообичаено. Уште подобро ако преспиете со маслото, па наутро ја измиете косата.
Правете го овој третман барем еднаш неделно.
Ако имате првут, мијте ја косата со „поблаг“ шампон пред да пробате посилни продукти
Првутот може да го зголеми бројот на паднати влакна, па ако го имате овој проблем, важно е да се ослободите од него.
Само, пред да пробувате силни шампони и продукти против првут, некој период пробајте да ја миете косата со поблаги шампони како, на пример, за бебиња. Бидејќи, некогаш самите силни продукти се причина за појава на првут.
Ако ова не ви помогне, консултирајте се со дерматолог кој ќе утврди зошто ви се појавува првут и ќе ви помогне да најдете соодветен третман.
Нанесувајте маска од цимет
Циметот е одличен за косата бидејќи има антимикробни својства и ја стимулира циркулацијата на скалпот.
За да направите маска, измешајте иста количина цимет и кокосово масло. Нанесете ја маската на скалпот и корените, оставете да делува 45 минути, па измијте ја косата како вообичаено.
Пробајте да користите што е можно поприродни продукти
Обично хемикалиите што ги содржат продуктите ѝ годат на косата, но ако ви паѓа повеќе од вообичаено, намалете со нивната употреба. Можете да пробате да ги замените со продукти кои содржат повеќе природни состојки.
Исто така, мијте ја косата поретко – не повеќе од двапати неделно.
Внесувајте цинк
Паѓањето на косата е еден од симптомите на недостаток на цинк и некои истражувања покажале дека суплементи можат да бидат од помош.
Само, во овој случај консултирајте се со вашиот лекар бидејќи не треба да земате додатоци во исхраната ако нема потреба од тоа.
Нанесувајте маска од кафе
Кофеинот може да го поттикне растот на косата и ја подобрува нејзината состојба.
Дома лесно можете да си направите маска за коса – измешајте една лажица кафе со една лажица мед и една лажица маслиново масло. Нанесете ја маската по целата должина на косата и добро измасирајте го скалпот. Оставете да делува барем половина час, па измијте ја косата.
Покрај кафето, медот и маслиновото масло можат дополнително да ја зајакнат косата.
Спирова С. | Црнобело