Фризерот на Меган Маркл ја откри тајната за нејзината сјајна коса – гламурозен изглед во 3 чекори

Која е тајната на здравата коса на Меган Маркл? – прашува српската пејачка Констракта во нејзината песна In Corpore Sano, а фризерот на војвотката одлучи да ги открие триковите со кои што се користи за нејзиниот беспрекорен изглед. Не, тајната не е во хидратацијата, туку во постапката.

frizerot-na-megan-markl-ja-otkri-tajnata-za-nejzinata-sjajna-kosa-glamurozen-izgled-vo-3-chekori-01.jpg

Зад блескавата фризура на Меган Маркл стои фризерот Џорџ Нортвуд. Тој минатата недела престојуваше во Хаг заедно со сопругата на принцот Хари за време на игрите Invictus и се погрижи за нејзиниот изглед.

Џорџ е фризер од Англија, кој редовно се грижеше за изгледот на Меган додека таа и Хари живееја на кралскиот двор, а сега беше задолжен за изгледот на нејзината коса додека таа престојуваше во Холандија.

frizerot-na-megan-markl-ja-otkri-tajnata-za-nejzinata-sjajna-kosa-glamurozen-izgled-vo-3-chekori-02.jpg

Тој даде ексклузивно интервју за британскиот Vogue каде ја откри тајната за нејзината блескава фризура.

Според него, тајната на брановидната фризура на Меган се крие во постапката на обликување.

„Неопходно е да создадете добра основа за фризурата, па наместо да ја исушите косата набрзина, фенирајте ја полека со помош на четка.

Доколку носите патец на средина, предниот дел од косата фенирајте го нанапред, тоа ќе даде ефект на движење, кога ќе ја поделите подоцна“ – открива Џорџ.

frizerot-na-megan-markl-ja-otkri-tajnata-za-nejzinata-sjajna-kosa-glamurozen-izgled-vo-3-chekori-04.jpg

Џорџ открива дека брановидните кадрици во косата на Меган ги креира со помош на поголемо фигаро.

Виткајте ја косата во спротивен правец од лицето и сконцентрирајте се повеќе на средината на праменот од косата, а не на коренот и на краевите – запомнете косата треба да биде брановидна, а не извиткана.

Откако целосно ќе ја поминете косата со фигаро, оставете да се олади, па потоа „расчешлајте“ ја со прстите“ – вели тој.

frizerot-na-megan-markl-ja-otkri-tajnata-za-nejzinata-sjajna-kosa-glamurozen-izgled-vo-3-chekori-05.jpg

За крај Џорџ вели дека е мошне важно какви продукти користите.

„Сконцентрирајте се на сјајот, барајте светкав, луксузен финиш. Спрејовите за сјај, кремовите и серумите се одлични за да ја измазните косата“ – вели тој.

frizerot-na-megan-markl-ja-otkri-tajnata-za-nejzinata-sjajna-kosa-glamurozen-izgled-vo-3-chekori-03 (2).jpg

Прочитајте и Хит твитови за српската претставничка на Евровизија: „Цел ден се прашувам која е тајната за здрава коса на Меган Маркл“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg