„Ова е моето лице со брчки, моите виснати гради, стрии“ - инфлуенсерка прикажува дека 'Инстаграм животот' е нереален
„Запомнете дека тоа што го гледате онлајн не е баш реално. Тоа не се нашите тела, а особено не се нашите животи. Така што запомнете дека супер ви оди во животот.“
Данае Мерсер (33) која живее во Дубаи е инфлуенсерка со повеќе од 2.4 милиони следбеници која има за цел да прикаже дека „Инстаграм животот“ е нереален. Односно дека таму прикажуваме совршеноство, кое всушност не постои.
Таа позира искрено и без филтри, со брчки, стрии, виснати гради, опуштено стомаче и нагласува дека тоа е реалниот живот.
Во една од последните објави вели:
„Совршенството не може да биде постигнато, можеме само да му се приближиме, па така нашите животи ги минуваме бркајќи цел, која всушност никогаш не можеме да ја постигнеме.
Тоа е ужасно, тоа е игра која не треба да ја играме. Филтрите и едитирањето на фотографиите може да биде забавно, но бидете внимателни, за себе и за тие околу вас.
Внимавајте на вашето ментално здравје и запомнете дека тоа што го гледате онлајн не е баш реално. Тоа не се нашите тела, а особено не се нашите животи. Така што запомнете дека супер ви оди во животот.“
Повеќе фотографии од Данае:
С. С. | Црнобело