10 навики на Скандинавците што ќе ви помогнат да го задржите младешкиот изглед
Шминката ја користат за истакнување на омилените карактеристики
Важно е да го сакате вашиот изглед и да не се обидувате да си го промените личниот опис со контурирање и секакви трикови за шминкање.
Следете го примерот на жените од скандинавските земји – користете ја шминката за да ги истакнете карактеристиките што ви се допаѓаат, а не за дa се „криете“ зад неа.
Здравиот живот подмладува повеќе од козметичките процедури и корекции
Ако сакате да правите некоја козметичка корекција, тоа е сосема во ред, само не заборавајте дека за младешки изглед, можеби најважен е здравиот начин на живот.
Разладувајте ги маските за лице пред употреба
Пред да ја нанесете маската на лицето, оставете ја да отстои во фрижидерот неколку часа.
Ниската температура ќе ја освежи кожата и ќе ги намали отоците на лицето.
Користете продукти за убавина според сезоната
Во зима кожата и косата се сушат повеќе, па добро би било да користите продукти што ги хидрираат.
Во потоплите месеци задолжително ставајте крем со заштитен фактор на лицето, а ако престојувате долго време на сонце, препорачливо е на косата да ставите спреј со УВ заштита и заштита од топлина.
Не ја запоставувајте и негата на рацете – во зима преферирајте помрсни кремови кои ќе ја хидрираат кожата.
Во животот најважна е рамнотежата
Не заборавајте дека умереноста и рамнотежата се многу важни.
Работете, но наоѓајте и време за одмор. Дозволувајте си да се почастите со пица и нешто благо, но јадете и повеќе здрава храна.
Одвреме-навреме бидете мрзливи, но не ја запоставувајте физичката активност.
Спирова С. | Црнобело