10 навики на Скандинавците што ќе ви помогнат да го задржите младешкиот изглед
Наместо да користите бројни продукти за убавина со полош квалитет, подобро вложете во само 2-3 поквалитетни.
За младешки изглед не треба да се фокусирате само на продукти за убавина – мора да обрнете внимание и на други аспекти како начин на исхрана, физичка активност и, генерално, да настојувате да негувате поздрави животни навики.
За Скандинавците се вели дека се едни од најсреќните луѓе во светот и иако можеби не се опседнати со изгледот, нивните животни навики им помагаат да изгледаат убаво, фит и младешки.
Што можете да научите од нив?
Миењето на лицето со ледена вода е вистинско освежување наутро
Откако ќе се разбудите, во сад со вода ставете неколку коцки мраз, па измијте си го лицето.
Ледената вода може да ве расони подобро и од кафе, а покрај тоа е добра за кожата на лицето – ја подобрува циркулацијата, ги намалува отоците и ќе направи да изгледате многу посвежо.
Користете помалку, но поквалитетни продукти за убавина
Не е препорачливо да користите многу продукти за убавина. Сосема доволно ви се мицеларна вода, средство за чистење лице и крем според вашиот тип кожа.
Наместо да давате многу пари за многу продукти со полош квалитет, вложете во 2-3 поквалитетни продукти.
Обрнувајте внимание на составот на продуктите за убавина
Важно е да го проверувате составот на продуктите за убавина што ги купувате, особено оние за лице.
Состојките што се добри за некој можеби вам ќе ви предизвикаат проблеми, па треба да знаете што ставате на вашето лице.
Затоа, истражете малку повеќе за вашиот тип на кожа или коса, откријте кои состојки се најдобри за вас, и така одбирајте ги продуктите или во консултација со стручно лице.
Бањањето со студена вода е од голема корист
Скандинавците без проблем пливаат во ледена вода, но ние тешко дека ќе го издржиме тоа.
Сепак, туширањето со студена вода може да го има колку-толку истиот ефект, па дајте му шанса.
Подобро е да вежбате надвор
Скандинавците сакаат да минуваат што е можно повеќе време на отворено и нив не ги спречуваат ни лошите временски услови. На пример, во скандинавските земји не е ништо чудо да видите како некој вози велосипед кога врне дожд.
Вежбањето на отворено не само што ќе ви помогне да го зајакнете телото и да го подобрите здравјето, туку ќе ви помогне и да го намалите нивото на стрес.