Исчистете ги ушите и уште 10 работи кои фризерите сакаат да ги знаете кога одите во салон

Немојте да мрдате ако не сакате лоша фризура и немојте да ја кревате главата кога ви ја мијат косата бидејќи фризерот сигурно ќе ви ја натопи блузата.

ischistete-gi-ushite-i-ushte-10-raboti-koi-frizerite-sakaat-da-gi-znaete-koga-odite-vo-salon-01.jpg

Дури и кога имаме најдобра намера, факт е дека не сме свесни за многуте нешта што ги правиме со кои им ја отежнуваме работата на фризерите.

Неретко за фризерите голем проблем се нашите нереални очекувања, а уште поголем проблем е и мрдањето со главата.

Неколку фризери решиле да споделат што не треба да правиме кога сме во салон, а факт е дека повеќето ќе се пронајдеме во барем една од нивните изјави.

Фризерите откриваат и неколку совети со кои ќе им ја олесниме нивната работа поради што ќе можат да бидат побрзи и поефикасни.

Дел од најдобрите совети во продолжение:

„Не ми викајте дека сакате да ви скратам само еден сантиметар, па ако треба потоа да скратам повеќе. Тоа е како да сум ве потстрижала двапати“.

„Држете ги рацете и телефонот под наметката што ви ја ставаме ако не сакате и дланките и телефонот да ви бидат полни влакна“.

kazhete-ako-ne-vi-se-dopagja-frizurata-ischistete-gi-ushite-frizeri-spodeluvaat-shto-ne-treba-da-pravite-koga-odite-vo-salon-02.jpg

„Немојте да ја кревате главата кога ви ја миеме косата! Вака ќе ви ја натопиме целата блуза со вода“.

„Ако имате важна обврска, кажувајте однапред, а не пет минути пред да треба да одите. Не можам да побрзам ако на главата имате фарба и фолија“.

„Ако вашето дете мрази фризер и не може да седи мирно, не очекувајте совршена фризура. Подобро предупредете го фризерот за да знае да почне да прави поедноставна фризура која може да се заврши брзо“.

kazhete-ako-ne-vi-se-dopagja-frizurata-ischistete-gi-ushite-frizeri-spodeluvaat-shto-ne-treba-da-pravite-koga-odite-vo-salon-03.jpg

„Немојте да ја движите главата кога се движиме и ние. Ние се движиме со причина – многу е важно од кој агол ве гледаме и потстрижуваме“.

„Кога покажувате фотографија со фризурата што ја сакате, одберете модел со слична коса како вашата. Исто така, имајте на ум дека истата фризура вам може да ви стои многу поразлично од моделот на фотографијата“.

kazhete-ako-ne-vi-se-dopagja-frizurata-ischistete-gi-ushite-frizeri-spodeluvaat-shto-ne-treba-da-pravite-koga-odite-vo-salon-04.jpg

„Ако не ви се допаѓа фризурата, кажете ни на смирен начин. Повеќето фризери со задоволство ќе ги исправат грешките“.

„Имајте реални очекувања. Многу луѓе со црна коса очекуваат да добијат светло руса боја по само едно фарбање. Некои сакаат розова боја што нема да избледи. Некои прават споредби со фотки од Инстаграм на кои има многу филтри. Сето ова е нереално“.

kazhete-ako-ne-vi-se-dopagja-frizurata-ischistete-gi-ushite-frizeri-spodeluvaat-shto-ne-treba-da-pravite-koga-odite-vo-salon-05.jpg

„Кога ќе завршиме со потстрижување, немојте сами да пробувате да ги отстраните влакната од себе. Вака само ја влошувате ситуацијата и голем дел од влакната ќе ви завршат под облеката. Оставете нè ние да ве средиме“.

„Не заборавајте да си ги исчистите ушите пред да одите на фризер“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 летни фризури кои веднаш ќе ве подмладат Понекогаш треба само малку храброст да ја замените фризурата што ја носите со го...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
4 трикови со кои локните ќе ви траат подолго од една вечер Немојте да ја миете косата пред виткање и користете помалку продукти како регене...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg