Што јаде Синди Крафорд за на 55 години да изгледа како да има 35?
Синди Крафорд и во 55-тата година од животот изгледа одлично, а таа не ја крие тајната за нејзиниот добар изглед. Во 90-тите години манекенката беше популарна со видата со вежби за здраво и витко тело, а сега се одлучи да сподели уште една тајна.
Иако во февруари познатата манекенка и актерка го прослави својот 55-ти роденден, таа секојдневно добива комплименти дека изгледа подобро од голем број млади девојки.
Таа открива дека тајната за својот добар изглед е здравата исхрана, а посебно веува дека за нејзиниот изглед е „виновен“ појадокот што го консумира најчесто.
Синди денот го почнува со пржено јајце, чаден лосос, авокадо и црвено овошје.
Доколку наутро е зафатена, има обврски и нема време за да направи појадок, тогаш подготвува смути од бадемово млеко, банана и спанаќ.
Потребни состојки:
- 1 шолја бадемово млеко
- 1/3 смрзната банана
- 1 рака свеж спанаќ
- 10 ливчиња свежо нане
- 8g протеин во прав
- 1 рака зрна од какао
Сите состојки се блендираат. Ова е брзиот појадок во кој ужива познатата манекенка, а за чијашто подготовка не е потребно премногу време.
Мислите ли дека навистина ова е тајната за младешкиот изглед?
Во продолжение погледнете и видео од познатите вежби што ги промовираше Синди во 90-тите години:
Б. С. Б. | Црнобело