Митови за нега на кожата на лицето во кои треба да престанете да верувате
Дали мислите дека само скапите кремови се навистина ефикасни или, пак, сметате дека мора да користите многу продукти за да го зачувате младешкиот изглед? Изгледа дека сето ова се само митови.
Негата на лицето е важна ако сакате да имате здрава кожа и да го задржите младешкиот изглед. Сепак, покрај бројните совети и трикови за нега на кожа, може да биде тешко да одредите што е вистина, а што лага, или што е најдобро за вас.
Затоа, погледнете кои се најчестите митови за нега на кожата за кои експертите велат дека се само лага:
Мит 1: Треба секојдневно да правите ексфолијација на кожата
Со ексфолијацијата ќе ги отстраните нечистотиите и мртвите клетки од лицето, но овој третман не е за секојдневна употреба.
Најпрво, третманот е колку-толку агресивен за лицето и можете да го иритирате, особено ако имате сува или чувствителна кожа. А, бидејќи ексфолијацијата го суши лицето, ако имате мрсна кожа, таа ќе почне да лачи уште повеќе масти поради честото сушење.
Препорачливо е овие третмани да ги правите еднаш до двапати неделно.
Мит 2: Доволно е да нанесете сосема малку крем за заштита од сонце
Веројатно веќе знаете дека кремот со заштитен фактор е задолжителен ако сакате да го зачувате младешкиот изглед на кожата. Но, исто важно е и колкаво количество ќе нанесете.
За најдобра заштита добро би било да нанесете поголемо количество, приближно колку на сликата во продолжение.
Мит 3: Колку почесто го миете лицето, толку подобро
Треба секојдневно да го миете лицето, но не и да претерате со ова. Честото миење ќе ги отстрани и потребните масти од кожата, ќе ја исуши, па таа ќе почне да лачи уште повеќе масти. Ова, пак, е совршен „рецепт“ за појава на акни и митесери за оние со мрсна кожа.
Според експертите, најдобро е да го миете лицето двапати дневно, односно наутро и навечер. Можете да го измиете и уште еднаш во текот на денот ако почувствувате потреба за тоа, но не повеќе.