„Имам 51 година и си го направив лицето како на Деми Мур - за подмладувањето ви треба само селотејп“

„Бесна сум и не ми е јасно зошто Деми Мур прифати да прикаже дека достоинственото стареење е непривлечно. Имам две ќерки тинејџерки и не сакам да мислат дека кога ќе наполнат 50 години ќе треба да прават вакви бесмислени работи.“

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-01.jpg

Лицето на Деми Мур го привлече вниманието на Модната недела во Париз. 58-годишната актерка изгледаше многу помладо, но и доста изболичено и непрепознатливо во ликот, па имаше лавина од реакции зошто си го уништила лицето со пластични операции.

Сепак, денови подоцна таа се појави во своето природно издание и докажа дека не правела пластични операции, туку била подмладена строго за шоуто на Fendi со помош на лепенки на лицето.

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-05.jpg

Но, како успеа така да ги дефинира јаболчниците и да има резултат како од пластична операција?

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-04.jpg

Новинарката Ванеса Холбурн која има 51 година и е мајка на две девојки тинејџерки одлучи да си направи фејслифт за 10 минути како Деми.

Нејзината приказна:

„Јас наполнив 51 година во октомври минатата година и сум 7 години помлада од Деми, но за време на онлајн состаноците за време на пандемијата, не можев, а да не забележам дека мојата брада и врат се паднати надолу и дека кожата не ми е како порано.

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-02.jpg

Стареам и гравитацијата ја добива битката.

Па, се прашував како Деми – жена која имала 3 сопрузи, одгледала 3 деца и се борела со зависноста од алкохол и дрога, на речиси 60 години изгледа толку помладо од мене...

Но, ми текна дека и Кејт Мос сум ја видела со слично лице на шоу на Fendi, па сфатив дека станува збор за некаков трик и игра со шминка.

Дознав дека трикот се крие во „селотејпот“, па си реков ајде ќе тестирам дали за 10 минути можам да се подмладам 10 години?

Се разбира, не користев селотејп, туку купив специјални ленти за подигнување на кожата (од брендот Mark Traynor) и ги ставив на себе. За само неколку минути очите ми добија форма на очи на мачка, јаболчниците ми станаа поостри, а усните истакнати.

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-08.jpg

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-09.jpg

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-07.jpg

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-06.jpg

Сетот на ленти се поставува на главата и вратот, а потоа се завршува со контурирање со помош на шминка.

Изгледав декади помладо, личев на лута фламенко танчарка.

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-03.jpg

Но, сепак овој фејслифт, иако само привремен, не е за мене. Не само што лентите на главата ми предизвикуваат мигрена, туку ќе живеам во страв дека некоја од лентите ќе пукне во секој миг и ќе извади некому око. А најважно од сѐ имам две ќерки тинејџерки и не сакам да мислат дека кога ќе наполнат 50 години ќе треба да прават вакви бесмислени работи.

Придобивката од годините е мудроста и ако неколку брчки на лицето докажуваат дека сте живееле живот, нема зошто да се срамите.

Не знам зошто Fendi на шоуто се труди да ги стави моделите во „антиејџ“ машина (машина за против стареење), но уште повеќе се прашувам зошто Деми Мур и Кејт Мос го прифатиле тоа? Зошто прифатиле да прикажат дека достоинственото стареење е непривлечно?

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-10.jpg

Деми мора да се бори против ова, мора да руши предрасуди како кога позираше гола во 1991 година за насловната страница на Vanity Fair во 7-от месец од бременоста. Тоа е таа Деми што ја знаеме и сакаме.“

imam-51-godina-i-si-go-napraviv-liceto-kako-na-demi-mur-za-podmladuvanjeto-vi-treba-samo-selotejp-11.jpg

Прочитајте и Лицето на Деми Мур (58) изобличено од пластични операции - лавина реакции на Твитер

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg