Лицето на Деми Мур (58) изобличено од пластични операции - лавина реакции на Твитер
- Детали
- четврток, 28 јануари 2021
„Срамота што си направила со лицето! Би сакала жените да си дозволат да стареат достинствено“, е еден од осудувачките коментари на твитерџиите. Друг пак порача да му се одзеде дозволата за работа на пластичниот хирург.
Деми Мир поттикна лавина од реакции на Твитер откако се појави со лице целосно променето, на ревијата на Fendi во Париз и поттикна луѓето да мислат дека сепак се одлучила за пластични операции, иако досега зрачеше со природниот изглед.
58-годишната актерка беше речиси непрепознатлива, а веднаш по појавувањето на Мур на модната писта, на Твитер коментираа колку е тажен нејзиниот нов изглед и се чудеа што ѝ се случило и дали имала толку лош пластичен хирург или можеби станува збор за лоша шминка.