7 навики кои секојдневно ви ја „крадат младоста“ и се лоши за здравјето
Желбата да се изгледа добро и помладо од годините никогаш нема да помине, но за жал, самите се саботираме во реалноста.
Ова се само дел од секојдневните навики со кои си штетите на здравјето и добриот изглед, односно со нивно несвесно применување, сами „си ја крадете“ младоста:
1. Седење со прекрстени нозе
Негативно влијае на циркулацијата на крвта и може да го покачи притисокот. Пропратна компликација е искривувањето на ‘рбетот.
2. Заспивање со телефонот во рака
Негативно влијае на формирањето на брчки на критичните делови, но и го зголемува нивото на стрес токму во моментите кога треба да сте најопуштени.
3. Спојување и притискање на усните
Со притискање на усните создавате непотребен притисок во вилицата и мускулите на лицето, кои кога се постојано стегнати, создаваат напнатост и болка во главата.
4. Миење на лицето со жешка вода
Миењето со ладна вода не е секогаш пријатно, но тоа барем не ја иритира кожата и не го уништува заштитниот слој.
5. Спиење на навлака за перница од неприроден и неквалитетен материјал
Мазните, свилени навлаки за перници се сепак подобри за да избегнете иритации на кожата, збрчкување и акни.
6. Претерувате со користење на маски и препарати за кожа
На овој начин ја дехидрирате кожата, го нарушувате природниот баланс и алкалната средина. Најдобро да се консултирате со стручно лице за тоа што треба да користите наместо сами да си правите комбинации на различни продукти.
7. Обожавате да спиете на страна или на стомак
Секое затворање на порите во текот на ноќта со перницата ви додава години. Како идеално се покажало спиењето под агол од 20-30 степени, кое остава доволно простор кожата да дише, а телото да е во удобна положба.
М. Д. | Црнобело