Многу хајлајтер, дречливи сенки - популарни трендови кои шминкерите ги мразат
Мат кармините не се за сите
Мат карминот изгледа навистина одлично, но мора да го нанесете прецизно и да го обновувате неколкупати во текот на денот.
Бидејќи мат карминот е посув, речиси секогаш ќе се појават пукнатини во текот на денот, па ќе мора да го преправате.
Внимавајте како ги исцртувате усните
Можете малку да ги зголемите усните така што ќе ги исцртате малку поголеми со помош на моливче.
Кога го правите ова, секогаш имајте на ум дека ова зголемување треба да биде суптилно и не треба да си нацртате усна со сосем друга форма.
Многу подобро е да пробате контурирање на усните за да им го зголемите волуменот, отколку да ги цртате поголеми.
Нема потреба секојпат да ставате многу пудра и коректор
Ако сте гледале барем еден мејкап туторијал, сигурно сте забележале дека шминкерите секогаш ставаат дебел слој пудра и коректор пред да почнат со нанесување сенки.
Но, нема потреба од толку продукти. Всушност, вашето лице ќе изгледа многу поприродно ако не ставите неколку слоја од разни продукти.
Триковите за контурирање не одговараат за сечие лице
Контурирањето е одличен начин да ги нагласите вашите карактеристики, но имајте на ум дека не сите трикови одговараат за сечие лице.
Затоа, немојте да ги следите советите кои кажуваат кој дел да го затемните, а кој да го осветлите. Обично целта на контурирањето е да е создаде илузија на овално лице.
Ако, на пример, веќе имате овално лице, нема потреба да трошите време на контурирање.
Спирова С. | Црнобело