Зголемување на очите, избелување на кожата – најпопуларните козметички процедури во Јужна Кореја

Обликување на челото и брадата

Овие третмани најмногу ја покажуваат умешноста на корејските пластични хирурзи. Можеби вие не би ни помислиле на ваков зафат, но во Јужна Кореја многу луѓе го менуваат обликот на нивната брада со помош на пластична операција.

Неретко прават и корекции на челото, особено ако сметаат дека им е „спласнато“:

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-08.jpg

Обликување на вилицата

Корејските пластични хирурзи можат и целосно да го променат обликот на вилицата. Доста често се прават и процедури за зголемување на јаболчниците.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-09.jpg

Ринопластика

Ринопластиката, или пластична операција на носот, е еден од почестите козметички зафати. Додека некои луѓе ја прават оваа операција од здравствени причини, повеќето во Јужна Кореја ја прават за да добијат совршен, најчест помал, нос.

Интересно е што и мажите доста често прават пластична операција на носот.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-06.jpg

Менување на обликот на очите

Овде, доста популарни се и операциите со кои се средува изгледот на очните капаци. Истовремено, постои и операција која може да ги направи очите малку пошироки.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-10.jpg

Зголемување на градите

Поради стандардите за убавина што им се наметнати на жените, операцијата за зголемување на градите е најбарана во Јужна Кореја. Може да се каже дека ова е и најпопуларната пластична операција насекаде во светот.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...
8 навики поради кои изгледате (многу) постаро отколку што сте Ако претерувате со пилинзи, ќе ја оштетите кожата и ќе изгледате постаро. Кои др...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg