Искрен апел на Македонка: „Мразам кога слушам дека девојка што изгледа како мене не треба да носи бикини“
„Често слушам девојки кои изгледаат како мене самите да си кажат дека не доаѓа во обѕир да облечат нешто дводелно...“
Кика Авеиро е македонска инфлуенсерка која сака да испрати порака до сите жени дека најважно е да се чувствуваме удобно во своја кожа.
Таа самоуверено позира во бикини и испраќа апел со сите девојки:
Не знаете колку пати сум слушнала дека девојка што изгледа како мене не треба да носи дводелен купач. А уште почесто сум слушнала девојки кои изгледаат како мене самите да си кажат дека не доаѓа во обѕир да облечат нешто дводелно „мора да е едноделно и да покрива што е можно повеќе“.
Јас сум тука да ве охрабрам да си носите што вие сакате, а не што мислите дека треба пошто така ви е наметнато. Лето е, облечи ги купачите, облечи ги шорцевите, краткото фустанче... Твоето тело е твое и ти одлучуваш како ќе го облечеш. Сите имаме целулит, сите имаме нешто што сакаме да го смениме на своето тело, не си само ти.
2020-та е, сред глобална пандемија сме, се бориме за живот или смрт, зарем ќе дозволиме целулитот да не спречи да уживаме во секој миг од животот и да го живееме онака како што сакаме?
https://www.instagram.com/p/CCgHkTJn6FA/
С. С. | Црнобело