„Во мојот бело-зелен рај“: Стилски уредената соба на Кика Авеиро од Скопје (фото)

Во собата на оваа скопјанка доминира белата боја и има преку 30 растенија, а секој детаљ си има свое значење ни открива таа.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-01.jpg

Нејзината соба зрачи со убава енергија, белата боја прави да изгледа беспрекорно чисто, а зеленилото е лек за душата.

Христина Младеновска од Скопје, позната како Кика Авеиро, за CRNOBELO.com открива од каде се инспирирала за уредувањето на својата соба.

Оваа креативна девојка има 28 години и работи дигитални комуникации во УНИЦЕФ.

„Пред неколку месеци одлучив да направам целосна промена на собата, нов под, ново осветлување, нов кревет и нова декорација. Се впуштив во потрага по идеи на интернет, главно на Pinterest и колку опции и да гледав некако сѐ ме влечеше накај собите во кои има многу растенија.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-04.jpg

Одлучив и јас да пробам да инкорпорирам растенија во новото уредување и покрај тоа што до тогаш никогаш се немав грижено за растенија и мислев дека за брзо ќе ми изумрат.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-03.jpg

Купив неколку и сфатив дека кога веќе почнав, нема запирање, едноставно како да се навлеков и сега обавезно неделно купувам барем едно ново.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-08.jpg

Во моментов имам над 30 во разни форми и големини, а веќе почнав и самата да ги размножувам. Ме радува секое ново ливче, а ми помагаат и во одржувањето на менталното здравје.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-02.jpg

Сѐ уште учам како да се грижам за нив бидејќи секое растение бара различни услови, а имам и такви за кои знам дека не можат да растат во нашава клима, но сепак одлучив да се обидам. Такви се кокосовото дрвце и двете банани. 

Сепак најомилено растение во моментов ми е Монстера Делисиоса, чии листови се заштитен знак за тропските предели (тоа што го држам во раце на една од сликите).

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-07.jpg

Покрај растенијата, во собата сѐ си има свое значење. Не сакам да имам украси или дрангулии ради реда туку сѐ е со некакво посебно значење, дури и најситните работи како морската ѕвезда од Калифорнија, тегличката мед од Медена Земја, тегличката каменчиња собрани од плажа, круната итн.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-05.jpg

Уживам кога нешто самата ќе креирам и знам дека е едно единствено, така што имам доста DIY проекти во собата. Дури и да не изгледа совршено, за мене има посебен шарм.

На пример рамката за магнети, направена од стара рамка од времето на мајка ми, која ја префарбав бело и наместо стакло поставив парче метал. Рамките за слики, вклучувајќи го и мојот vision board над креветот се исто така diy, понатаму висечката саксија, па дури и масичката за работа.

vo-mojot-belo-zelen-raj-stilski-uredenata-soba-na-kika-aveiro-od-skopje-foto-06.jpg

Масата е всушност една поширока полица која има двојна улога па кога не работам може да се користи за поставување саксии. Дополнително откако работам од дома до неа поставив фиоки кои ми служат како второ биро.“

Уште фотки од собата на Кика Авеиро:

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

На гости кај Марија: Семејна куќа во Скопје од 120m2 со софа од бафало кожа и маси од орев (фото) „Масите и комодата се од орев и се совршено обработени. Софата е од бафало кожа,...
Локал во Скопје ни носи ретро нота - стар плакар со огледало, стомната на баба (фото) Во овој локал ќе видите плакар со огледало, каков што најверојатно сте имале во ...
Во домот на битолчанецот Сашо на Флорида: Куќа со базен, 5 спални соби и околу 400 растенија „Ова е голема куќа со 5 спални соби, гаража за 3 возила, посебна просторија за д...
Кафуле во Старата скопска чаршија со графит од Венеција е сцена од сказните (фото) Кога сте за турско кафе со локумче и наргиле, тогаш овој локал во Старата скопск...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg