Маска за коса наместо пена - Трикови за совршено негувана бикини зона
Од исекотини од брич, па сè до сраснати влакна, отстранувањето на влакната од бикини-зоната може да биде навистина заморно.
Сепак, постојат неколку совети и трикови што ќе ви помогнат да ги избегнете овие проблеми:
Употребувајте регенератор или маска за коса наместо пена за бричење
Регенераторот или маската ќе ги омекне влакната и ќе го направи бричењето полесно. Истовремено, овие продукти ќе ја омекнат и кожата на бикини зоната. Секако, може да ја ставате само во пределот на препоните, но не подлабоко.
Депилирајте ги влакната во насоката на растење
Ако ги отстранувате влакната спротивно на насоката на растење можеби ќе видите подобри резултати, но на овој начин го зголемувате ризикот од секакви иритации. Каде што не е неопходно, вадете ги во правец на растење.
Користете остар брич
Острината на бричот е многу важна – тапите бричови не само што нема да отстранат ништо, туку и ќе ја иритираат вашата кожа.
Нанесете малку кокосово масло
За да ја смирите кожата после депилација или бричење, нанесете малку кокосово масло на бикини зоната. Веднаш ќе ја забележите разликата.
Спирова С. | Црнобело