„Јас не се срамам од мојата егзема, целулит, тежина или лузни, се срамам од вас хејтери“
Карина е храбра девојка која на Инстаграм не ги прикажува само своите најдобри изданија, туку и најлошите, и на сите хејтери што ја навредуваат со коментари од типот „Грозна си, имаш одвратна кожа“ им испрати одлична порака.
Карина Ирбл, дизајнерка, инфлуенсерка и модел од Австралија, е девојка која јавно говори и ги прикажува проблемите со кожата, целулитот, килограмите, егземата.
И додека многу девојки се воодушевени од нејзината храброст, постојат и такви кои фрлаат кон неа отровни стрели сокриени зад тастатурата во својот дом.
Таа упати одличен апел до сите хејтери:
„Мојот живот на социјалните мрежи е сѐ освен гламурозен.
Троловите, навредите, претпоставките, задевањето...
Сакам да издвојам минута за генерално да им заблагодарам на тие луѓе. Без сарказам.
Ме задеваа на училиште за мојата кожа и тоа беше ужасно и НИКОГАШ не сонував дека ќе ја изнесам мојата состојба пред светот за да ме критикува. Но, еве ме.
Благодарам што ми покажавте колку сум силна и дека зборовите се безопасни.
Ви благодарам што уште толку ми ја зајакнавте кожата и им покажавте на девојките што ме следат дека вашите зборови не значат ништо. Јас сум уште тука.
И ви благодарам што јавно се изрекламиравте како воини зад тастатура, бесполезни суштества и слабаци.
Јас не се срамам од мојата егзема, целулит, тежина или лузни.
Јас се срамам од ВАС.“
Дел од нејзините искрени фотки:
С. С. | Црнобело