Како да спречите иритација на лицето од заштитните маски во топлите месеци?

Носењето заштитна маска е дел од новото нормално живеење, а во топлите месеци тоа не е воопшто лесно - како да ја зачувате кожата од иритации?

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-01.jpg

Носењето заштитна маска постојано, посебно во топлите месеци не е воопшто лесно, како за дишењето, така и за кожата, но мора да се научиме на овие правила за заштита.

Долгото носење маски кај многумина создава иритации на лицето, како и појава на несакани акни, па важно е да обрнете внимание на неколку работи кои ќе ви помогнат периодов.

Важно е да ги чистите и перете маските

Доколку најчесто носите заштитни маски за повеќе употреби, како N95 важно е пред секое носење, добро да ја исчистите и да ја дезинфицирате.

Маската чувајте ја на топло место и не ја ставајте во пластични кеси.

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-02.jpg

Доколку користите маски кои се перат, ставете ја во машина на температура која одговара на ткаенината или перете ја рачно со добро триење со сапун во топла вода и оставете ја да кисне во врела вода, а потоа сушете ги на сонце.

Доколку користите медицински маски за една употреба - користете ги буквално за една употреба и потоа фрлајте ги.

Најважно е никогаш да не ставате валкана маска на вас и секогаш да биде исчистена, зависно од тоа каква е маската.

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-03.jpg

Доколку користите маски од ткаенина, бирајте материјали кои се поприродни како памук.

Со различните материјали кои се тријат со кожата, се затвора дел од површината на кожата и тоа води до појава на иритација, црвенило и акни, посебно на топло, па затоа доколку бирате маски од ткаенина, важно е да одберете од поприродни материјали, наместо синтетички.

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-04.jpg

Во овој период важно е да водите дополнителна нега на кожата на лицето

Покрај тоа, важно е овој период да обрнувате повеќе внимание на кожата на лицето, со оглед на тоа што во поголем дел од денот ви е затворено со маска.

Секое триење на каков било материјал со кожата, може да создаде иритација, а потта, нечистотијата и шминката се таложат под материјалот на маската и дополнително предизвикуваат лоша реакција на лицето.

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-05.jpg

Совети за нега на лице:

Мијте го лицето по секое вадење на маската и користете хидратантни и специјални антибактериски сапуни или тоник за лице

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-07.jpg

Избегнувајте тешка шминка за да спречите појава на акни и дополнително потење

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-08.jpg

Ставајте крема со заштитен фактор на лицето, бидејќи маската не штити од УВ зрачењето

kako-da-sprechite-iritacija-na-liceto-od-zashtitnite-maski-vo-toplite-meseci-09.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Јапонска рутина за нега на лице во 6 чекори (за блескава кожа) Добро отстранете ја шминката и темелно исчистете го лицето, а на крај не заборав...
Шминки што треба да ги избегнувате по 40-тата година (прават да изгледате постаро) Многу темно моливче за веѓи, како и многу светол, скоро бел коректор кој не е со...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg