Кога третманот со филери нема да ти се погоди: 21-годишна стјуардеса доживеа фијаско
Младата Оливија се соочила со тотално фијаско и огромниот оток на усните ја натерал со денови да се крие дома.
Оливија Мекен (21) е стјуардеса која со помош на третман со филери сакала да ги зголеми своите усни, но резултатот испаднал застрашувачки.
По процедурата нејзините усни толку отекле, што тоа изгледа болно и непривлечно.
Тие тројно се зголемиле и имала чувство дека ќе ѝ експлодираат. Козметичарката што ѝ ја правела процедурата ја уверувала дека отокот е нормална појава.
Како резултатот на третманот што тргнал во погрешна насока Оливија со денови се криела во својот дом и се срамела да излезе дури и пред најблиските.
Таа веќе еднаш ставала филери во 2019-та, но тогаш била во друго козметичко студио и процедурата била успешна. Овојпат се соочила со тотално фијаско.
Болното искуство сега е зад неа, но својата ситуација ја користи да испрати порака до другите девојки дека ако случајно се одлучат на некоја козметичка процедура пред тоа добро да проверат кому веруваат.
Таа порачува дека не секој козметички салон е добар избор.
Пред:
Потоа:
С. С. | Црнобело